Мени

10 дена активизам

Oбјавено на: 15.04.2015
predlog maicka

„10 дена активизам“  е меѓународна кампања која традиционално се спроведува од страна на членките на Y-PEER мрежата. Во Македонија оваа кампања се спроведува од 2010-тата година под разни слогани и тематики. Во рамки на „10 дена активизам“ секоја година се спроведуваат различни активности кои целат кон градење на капацитети и застапување на младите. За успехот на локалната имплементација на оваа кампања говори фактот дека во 2012 година, мрежата доби писмо за поддршка од Претседателот на Р.Македонија д-р Ѓорѓе Иванов. 10DoA_145x145

Во Септември 2012 Глобалната иницијатива „10 дена активизам“ се одржа  по трет пат во Македонија, со  цел да го промовира младинското вклучување и да создаде простор за дијалог со институциите (национални и меѓународни) по однос на младинските прашања. Во 2012 година младите од над 50 земји се здружија под мотото „НИШТО ЗА МЛАДИ БЕЗ МЛАДИ“ и лобираа за централно место во развојната агенда „СО НАС, А НЕ ЗА НАС“. Целта е младите да бидат активен дел од донесувањето на одлуки кои го засегаат нивниот живот, за да бидат лидери во решавањето на прашањата кои им се важни. „10 дена активизам“ во 2012та година се организираше по повод наближувањето на 20 годишнината од усвојувањето на Акциониот план на Меѓународната конференција за население и развој (ICPD). Со овој план, 179 светски влади презедоа обврска до 2015, меѓу другото, да обезбедат: универзален пристап до образование; да работат на промоција на родова еднаквост и елиминација на родово насилство; да се посветат на намалување на смртноста на мајките и доенчињата; да обезбедат универзален пристап до репродуктивна здравствена заштита вклучително и планирање на семејство и превенција на сексуално преносливи инфекции. Каде е светот (и Македонија) денес во остварувањето на овие цели, ќе се види од извештајот кој е во подготовка. Во рамки на иницијативата 10 дена активизам, а со цел подигање на капацитетите на младите и младинските организации за силно и значајно младинско дејствување, Y-PEER Македонија организираше повеќе активности на национално ниво: 01 септември – забава со Ethno Fusion Jazz Trio/ Локација: Менада, 03-06 септември – Обука за проектен менаџмент и лобирање, Обука за врснички едукатори/Локација: х. Солферино, Струга; 07 септември – Филмска вечер: Ги почитуваме различноститe, 10 септември – Дебата со носителите на одлуки: Македонија во исполнувањето на ICPD/ Локација: Црвен крст на РМ.

  • Во Декември 2010 година Y-PEER Македонија – се придружи на глобалната иницијатива „10 дена Активизам“ која се случи во над триесетина држави во светот. Во овој период предводени од светското мотото “Светлина за човековите права” младите организираа серија од активности за подигање на свеста за сексуалното и репродуктивното здравје и правата на млади. Во Македонија се фокусиравме на потребата од воведување на Сексуално Образование, иницијатива  под слоганот “Сексуално образование во Македонија, Кога ако не СЕГА”.
  • Подржани од Заедничката програма за ХИВ/СИДА на Обединетите Нации UNAIDS се спроведоа следните активности:
  • Лансирање на автобуска кампања со порака до донесувачите на одлуки “Светлина за човековите права, Сексуално образование во Македонија, Кога ако не СЕГА”. (1 Декември)
  • Промотивна забава во рамките на Таксират фестивалот за подигање на свеста за заштита од ХИВ/СИДА. На забавата беше поставено мобилно комбе за ХИВ тестирање (1 Декември)
  • Филмска вечер во FUN Cafe до Универзалната Сала со прикажување на кратки филмови за Сексуално и Репродуктивно Здравје. (5 Декември)
  • Дебата во Американското Катче на тема “Човековите права и Сексуалните права во Македонија”. (8 Декември)
  • Промотивна забава во FUN Cafe под слоганот “Сексуално образование во Македонија, кога ако не СЕГА”. (10 Декември)
  • Од 1 до 10 Декември дистрибуција на брошури, кондоми и материјали за информирање за сексуално и репродуктивно здравје

Архива

December 2017
M T W T F S S
« Oct    
 123
45678910
11121314151617
18192021222324
25262728293031

Post-2015

There are no upcoming events at this time.

Вести

Конференција „Млади,мир и безбедност“

Конференција „Млади,мир и безб

Младите како активни чинители во процесите на градење мир
Младинската мрежа Y-PEER Mакедо
ПОВИК ЗА СТАЖИРАЊЕ

ПОВИК ЗА СТАЖИРАЊЕ

Младинската мрежа Y-PEER Македонија по покана на Y-PEER интернационалниот институт за млад
Повик за конференција „Млади, мир и безбедност“

Повик за конференција „Млади,

МЛАДИНСКАТА МРЕЖА Y-PEER МАКЕДОНИЈА И
ЗДРУЖЕНИЕ ЗА СОЦИЈАЛНИ ИНОВАЦИИ „АРНО“
 
ОБЈАВУВА
Работилница за млади „Зголемување на младинското учество во процесите на донесување одлуки и соработка со институции“

Работилница за млади „Зголемув

Во организација на мрежата на младински организации Y-PEER Македонија, во соработка со Орг
ПОВИК ЗА ФАСИЛИТАТОРИ

ПОВИК ЗА ФАСИЛИТАТОРИ

МЛАДИНСКАТА МРЕЖА Y-PEER МАКЕДОНИЈА И
ЗДРУЖЕНИЕ ЗА СОЦИЈАЛНИ ИНОВАЦИИ „АРНО“
 
ОБЈАВУВА

Оваа веб страница е изготвена со поддршка од Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) во рамките на под-регионалната кампања „ Youth Voices” која во Македонија се имплементира под името „Идеите ги споделувам гласно“. Мислењата и ставовите искажани на оваа веб страница не ги претставуваат мислењата и ставовите на донаторите или други придружни организации.