Мени

Цели за одржлив развој

world map (sdgs)

Што претставува 2030 агенда?
Во септември 2015 светските лидери учествуваа на 70-тото јубилејно Генерално собрание на ООН. „Никој не смее да биде запоставен“ е мотото на документот под името „Агенда 2030“ на Обединетите нации кои содржи 17 Цели за одржлив развој (ЦОР) и истиот е усвоен од страна на сите земји членки на ОН. Оваа агенда има времетраење и рок за исполнување до 2030 година. Дополнително, покрај 17 цели, во агендата 2030 се содржани 169 таргети и 230 индикатори.

Што претставува одржлив развој?
Одржливиот развој, како глобален концепт, претставува предизвик со кој се соочува секој човек, држава, светот воопшто, сè со единствена цел да се обезбеди континуиран напредок на квалитетот на животот и благосостојба на државата и да се обезбеди одржлив развој за сегашните без да се загрози можноста за задоволување на потребите на идните генерации.
Одржливиот развој сплотува три аспекти заедно: социјалниот прогрес, економскиот развој и животната средина.

Што се Цели за одржлив развој?
Целите за одржлив развој се група на цели кои земјите членки на Обединетите нации се обрвраа да ги инкорпорираат во своите политики и агенди во следните 15 години. Истите претставуваат предизвик кој светските лидери си го поставија во 2015 со цел до 2030 светот да стане подобро место за живеење. ЦОР се дел од планот за акција на ОН со цел да се искорени сиромаштијата, да се заштити планетата, промовира просперитет и осигура мир за сите во светот.

Агендата 2030 содржи три главни димензии кои се насочени кон исполнување на Целите за одржлив развој и тоа:

1. Универзалност – Целите се однесуваат на сите луѓе и сфери на општење. Тоа ги опфаќа сите градови, бизниси, организации и училишта и сите останати кои ќе се соочат со предизвикот да делуваат;
2. Интеграција – Целите се поврзани во заеднички систем. Една допринесува кон друга и обратно. Немаме задача да постигнеме само една цел. Мора да ги постигнеме сите!
3. Трансформација – Остварувањето на овие цели бара и вклучува правење на големи и фундаментални промени во начинот на кој живееме на земјената планета.

Глобалните цели за одржлив развој се 17 на број и тоа:

UN-Booklet Global Goals MK-page-006 Ставање крај на сиромаштијата насекаде во сите нејзини форми
UN-Booklet Global Goals MK-page-008 Да се стави крај на гладта, да се постигне безбедност на храна и подобрена исхрана и да се промовира одржливо земјоделство
UN-Booklet Global Goals MK-page-010 Да се обезбеди инклузивно и правично квалитетно образование и да се промовираат можности за доживотно учење за сите
UN-Booklet Global Goals MK-page-012Да се обезбеди инклузивно и правично квалитетно образование и да се промовираат можности за доживотно учење за сите
UN-Booklet Global Goals MK-page-014 Да се постигне родова еднаквост и еманципација на сите жени и девојчиња
UN-Booklet Global Goals MK-page-016 Да се обезбеди достапност и одржливо управување со водите и санитарни услови за сите
UN-Booklet Global Goals MK-page-018 Да се обезбеди пристап до прифатлива, сигурна, одржлива и напредна енергија за сите
UN-Booklet Global Goals MK-page-020 Да се промовира непрекинат, инклузивен и одржлив економски раст, целосно и продуктивно вработување и пристојна работа за сите
UN-Booklet Global Goals MK-page-022 Градење на отпорна инфраструктура, промовирање на инклузивна и одржлива индустријализација и поттикнување на иновации
UN-Booklet Global Goals MK-page-024 Да се намали нееднаквоста во и помеѓу земјите
UN-Booklet Global Goals MK-page-026 Градовите и човечките населбите да се направат инклузивни, безбедни, отпорни и одржливи
UN-Booklet Global Goals MK-page-028 Да се обезбеди одржлива потрошувачка и производство
UN-Booklet Global Goals MK-page-030 Да се преземат итни мерки за борба против климатските промени и нивното влијание
UN-Booklet Global Goals MK-page-032 Зачувување и одржливо користење на океаните, морињата и морските ресурси за одржлив развој
UN-Booklet Global Goals MK-page-034 Заштита, обновување и промовирање на одржливо користење на копнените екосистеми, одржливо управување со шумите, борба против опустинување, запирање и реверзија на деградација на земјиштето и запирање на губењето на биолошката разновидност
UN-Booklet Global Goals MK-page-036 Промовирање на мирољубиви и инклузивни општества за одржлив развој
UN-Booklet Global Goals MK-page-038 Јакнење на средствата за спроведување и ревитализација на глобалното партнерство за одржлив развој

Со целите и таргетите, е поставена амбициозна и трансформациона визија. Се тежнее кон свет без сиромаштија, глад и болести, каде што целиот живот може да напредува. Се предвидува свет ослободен од страв и насилство. Свет со универзалната писменост. Свет со правичен и универзален пристап до квалитетно образование на сите нивоа на здравствена заштита и социјална заштита, каде што се осигурени физичка, ментална и социјална благосостојба. Свет каде што ние ја потврдуваме нашата обврска во однос на човековото право на безбедна вода за пиење и санитарни услови со подобрена хигиена; каде што храната е доволно, безбедна, ефтина и хранлива. Свет каде што човечките живеалишта се безбедни и одржливи и каде што постои универзален пристап до прифатлива, сигурна и одржлива енергија.

Архива

April 2018
M T W T F S S
« Mar    
 1
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
30  

Post-2015

There are no upcoming events at this time.

Вести

ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА Y-PEER PETRI - Sofia Annual School

ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА Y-PEER PET

Младинската мрежа Y-PEER Македонија по покана на Интернационалниот институт за младински р
Работилница за млади „THE GENDER PERSPECTIVE ON THE ISSUES ON SEXUAL AND REPRODUCTIVE HEALTH“

Работилница за млади „THE GEND

Во организација на мрежата на младински организации Y-PEER Македонија, со поддршка од канц
Kонсултативна средба „Воведување на формално сеопфатно сексуално образование во Република Македонија: предизвици и можности“

Kонсултативна средба „Воведува

Во организација на мрежата на младински организации Y-PEER Македонија, во соработка со Орг
Конференција „Млади,мир и безбедност“

Конференција „Млади,мир и безб

Младите како активни чинители во процесите на градење мир
Младинската мрежа Y-PEER Mакедо
ПОВИК ЗА СТАЖИРАЊЕ

ПОВИК ЗА СТАЖИРАЊЕ

Младинската мрежа Y-PEER Македонија по покана на Y-PEER интернационалниот институт за млад

Оваа веб страница е изготвена со поддршка од Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) во рамките на под-регионалната кампања „ Youth Voices” која во Македонија се имплементира под името „Идеите ги споделувам гласно“. Мислењата и ставовите искажани на оваа веб страница не ги претставуваат мислењата и ставовите на донаторите или други придружни организации.