Y-PEER NEWS  

Повик за практиканти во Y-PEER PETRI Софија 2012/13

 


Драги врсници, колеги, пријатели, соработници

Чест ни е да ја проследиме објавата за новиот циклус за избор на практиканти во Y-PEER PETRI Софија.
Повикот се однесува на периодот од ноември 2012 до декември 2013, во сегменти од 4-6 месеци. Повеке информации околу условите за пријавување и очекуваните обврски можете да прочитате во прикачениот повик.

Националниот избор на кандидати за практикантската позиција ќе го вршат Y-PEER Македонија во соработка со канцеларијата на УНФПА, по што апликациите ќе бидат препратени во Y-PEER PETRI Софија (директните апликации нема да бидат разгледувани.

За да аплицирате, испратете:
- Пополнета апликација (со потпишана и скенирана потврда за посветеност: VII. Confirmation of your commitment)
- CV
- Препораки

(сите на англиски јазик) на info@youthpeer.org.mk најдоцна до 16 септември 2012
Некомплетните апликации нема да бидат разгледувани.

Временската рамка за националниот избор е следна:
- Собирање на апликации: до 16 септември
- Предселекција: до 18 септември
- Лично или телефонско интервју со најдобрите кандидати: 19 септември
- Препраќање на апликациите во Y-PEER PETRI Софија: 20 септември

Доколку имате прашања, контактирајте не на info@youthpeer.org.mk

Ве очекуваме!
Тимот на Y-PEER Македонија

Повик
  превземи | PDF 1.3 MB
Апликација
  превземи | Word DOCX 213 kB


Y-PEER NEWS  

10 Дена Активизам

 


Почитувани,

Иницијативата 10 дена активизам се одржува по трет пат и има за цел да промовира младинското вклучување и да создаде простор за дијалог со институциите (национални и меѓународни) по однос на младински прашања. Оваа година во периодот од 1-10 септември, младите од над 50 земји ќе се здружат под мотото „НИШТО ЗА МЛАДИ БЕЗ МЛАДИ“ и ќе лобираат за централно место во развојната агенда. СО НАС, НЕ ЗА НАС; за да бидеме активен дел од донесувањето на одлуки кои го засегаат нашиот живот, за да бидеме лидери во решавањето на прашањата кои ни се важни.

10 дена активизам овој пат се организира по повод наближувањето на 20 годишнината од усвојувањето на Акциониот план од Меѓународната конференција за население и развој (ICPD). Со овој план 179 светски влади превземаа обврска до 2015, меѓу другото, да обезбедат: универзален пристап до образование; да работат на промоција на родова еднаквост и елиминација на родово насилство; да се посветат на намалување на доенечка и мајчина смртност; да обезбедат универзален пристап до репородуктивна здравствена заштита вклучително и планирање на семејство и превенција на сексуално преносливи инфекции. Каде е светот (и Македонија) денес во остварувањето на овие цели, ќе видиме од извештајот кој е во подготовка оваа година.

Ние, младите луѓе, сме свесни дека остануваат голем број предизвици. Посветени и упорни во соочувањето со предизвиците, ги нудиме нашите знаења, вештини, искуство, ентузијазам и креативност во достигнување на целите зацртани во Планот за акција од ICPD.

Придружете ни се!
Тимот на Y-PEER Македонија


Y-PEER NEWS  

Повик за аплицирање за обуки

 


Драги врсници, колеги, пријатели, соработници

Во рамки на иницијативата 10 дена активизам, а со цел подигање на капацитетите на младите и младинските организации за силно и значајно младинско дејствување, како и зајакнување на полето на врсничката едукација во областа на сексуалното и репродуктивно здравје и права, Y-PEER Македонија организира две обуки:
1. Обука за основи на проектен менаџмент и лобирање;
2. Обука за врснички едукатори;
Обуките ќе се одвиваат во периодот од 3 до 6 септември 2012 во хотел Солферино, Струга. Чест ни е да ги објавиме повиците за аплицирање, кои заедно со апликациите може да ги превземете подолу. Рокот за пријавување е до 29 август 2012 на info@youthpeer.org.mk

Ве очекуваме!
Тимот на Y-PEER Македонија

Повик за проектен менаџмент и лобирање
  превземи | PDF 522 kB
Апликација за обука за проектен менаџмент и лобирање
  превземи | Word DOC 213 kB
Повик за врснички едукатори
  превземи | PDF 508 kB
Апликација за обука за врснички едукатори
  превземи | Word DOC 212 kB

Y-PEER NEWS  

Едукативен Караван

 


Брошура
  превземи | PDF 1.786 kB

Y-PEER NEWS  
POSITIVE CONCERT - 1.12.2009  



Y-PEER NEWS  
EVENT ON MACEDONIA SQUARE  


Dear all, 

The year 2008 marks the 20th anniversary of World AIDS Day. Since 1988, the face and response to AIDS has greatly changed. While many of these changes are positive, this anniversary offers us an opportunity to highlight how much more still needs to be done.

more about our event

Y-PEER NEWS јули / август 2008  
 

превземи | PDF 2.359 kB

Y-PEER MAКЕДОНИЈА објавува
ПОВИК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

 
 

Почитувани, 

Со задоволство ве известуваме дека Y-PEER Macedonia објавува конкурс за избор на учесници на петтиот Национален Тренинг за Тренери за Врсничка Едукација. Целите на овој Тренинг се обука на нова генерација на тренери, зајакнување на капацитетот на мрежата, вклучување на нови организации и промовирање/споделување на ресурсите/алатките на Y-PEER – се со цел подобрување на квалитетот на врсничката едукација во Македонија и информирање на што е можно повеќе млади во земјата за начините на превенција на ХИВ/СИДА и ППИ.  

Тренингот ќе се одржи во периодот од 11 до 15 Август, Маврово, во организација на НВО „Х.Е.Р.А.“.  

Повеќе информации процитајте во прикачениот повик и апликацијата.

Повик Апликација
  превземи | PDF 234 kB   превземи | DOC 276 kB

Y-PEER NEWS мај / јуни 2008  
 

кликни да зголемиш


Y-PEER Интернационален Центар / PETRI – Софија  
 

Заинтересираните кандидати МОРА ДА ГИ ИСПОЛНУВААТ ДОЛУНАВЕДЕНИТЕ КРИТЕРИУМИ ЗА УЧЕСТВO :

Y-PEER Интернационалниот Центар / PETRI – Софија објавува повик за аплицирање за позициите Y-PEER Fellows / Соработници.

Апликациите се однесуваат на периодот од 1 јуни 2008 – 1 март 2009, за времетраење од 3-6 месеци (во зависност од индивидуалниот избор и достапноста на апликантот).

Повеќе информации можете да најдете во прикачениот документ.

Сите заинтересирани треба да достават :
-CV
-Мотивационо писмо
-Препорака од матичната невладина организација / институција

на macedonia@y-peer.org најдоцна до 26 мај 2008 (понеделник).

Кандидатите со комплетна и навремено доставена апликација ќе поминат еден круг на национална селекција (телефонско интервју) на 27 мај (вторник), при што ке бидат селектирани 3-ца кандидати кои ќе влезат во интернационална селекција.

Со среќа,
Y-PEER Македонија

Call for applications_Y-PEER Fellowship (PETRI)

  превземи | PDF 8 kB
 


















Aматерски театарски фестивал "ЛИЦА БЕЗ МАСКИ"  
 

По десетгодишна пауза Младинскиот културен центар во соработка со СПЛУНГ автори повторно има честа да ве покани од 16 до 20 мај на  Меѓународниот аматерски театарски фестивал “Лица без маски”.
Концепиран како меѓународна смотра на театарски аматерски трупи кои со својата работа се трудат да дадат едно поразлично видување за театарската уметност и естетика.

Потикнати од фактот дека 2008-ма година е прогласена за Меѓународна година на јазиците. На овогодинешното издание на Меѓународниот аматерски театарски фестивал “Лица без маски” ќе земат учество театрски трупи од сите земји од словенското говорно подрачје кои ќе се натпреваруваат во официјалната конкуренција за гранд при на фестивалот. Во склоп на самиот театарски фестивал се планирани реализација на повеќе работилници во кои освен учесниците на самиот фестивал ќе можат да земат учество и сите  заинтересирани.

Сојуз на Студенти на Медицина на Македонија  
 

Сојузот на Студенти на Медицина на Македонија (ССММ) оваа година го организира 31-от Интернационален Медицински Научен Конгрес за студенти и млади доктори // 22-25 Мај 2008, Охрид.  

Рокот за доставување на абстракти е до
5 Мај 2008
/ 23:59 CET. 

Повеќе информации на www.mmsa.org.mk.  


Video Contest  
 

Купи, позајми или побарај камера и режирај го ТВОЈОТ краток филм. Како ти ја разбираш демократијата? Сними филм со траење до 5 минути на тема Што е / што не е демократија? и прати го на cinemocracy.org.  

Многу привлечни награди и прикажување на Конвенцијата за Демократија 2008 и Филмскиот Фестивал “STARZ” во Денвер за победниците !!!! 

За повеќе информации посети ја :

www.cinemocracy.org

Goood luck!!!!








Бесплатна S.O.S. линија за ХИВ/СИДА и полово преносливи инфекции
0800 - 33 - 444
13:00 - 21:00


 




Младински Центар
„Сакам да знам“ – Водно

02 / 3176 - 950

Младински Центар
„Сакам да знам“ – Шуто Оризари

02 / 2651 - 995