Мени

EECA Youth Voice – млади и агенда 2030

Tab 2 header

Во 2014, младите од Источна Европа и Централна Азија (ИЕЦА) беа препознаени како агенти на промените. Регионалната канцеларија на УНФПА за ИЕЦА регионот во 2014 година во партнерство со 80 младински организации од 23 земји во регионот ја лансираше кампањата „Youth Voices The future we want in Eastern Europe & Central Asia“ (Младински глас – Иднината која сакаме да ја видиме во ИЕЦА).

Оваа кампања беше насочена кон младите и нивното учество во процесите на планирање на новата развојна агенда на Обединетите Нации – Пост 2015. Главната цел на кампањата беше вклучување на што повеќе млади од ИЕЦА регионот, во консултативни процеси и дискусии поврзани со новата глобална агенда – пост 2015 и акртикулирање на младинскиот глас и потреби, како и каков свет сакаат да видат младите по 2015 година.

Кампањата се спроведуваше во две фази во периодот помеѓу октомври 2014 и ноември 2015. Со цел ефективно координирање и успешна имлементација на кампањата, регионалната канцеларија на УНФПА за ИЕЦА регионот во соработка со националните канцеларии на УНФПА воспостави младинска лидерска група составена од претставници/претставнички од организациите парнерите за имплементација на компонентата млади во различни делови од регионите и тоа: ASTRA Youth, Y-PEER, Y-PEER PETRI Center Sofia, YouAct, Youth Coalition и YSAFE.

Фаза 1 (октомври – декември 2014) – Национални кампањи за мобилизирање и артикулирање на младинскиот глас

Во фаза 1, на регионално ниво, во 17 земји се спроведоа младински консултации. Вкупно 23.334 млади учествуваа и изработија младинска визија за иднината со младински пораки кои ќе бидат споделени и користени во втората фаза на кампањата.

Фаза 2 (јануари – ноември 2015) – Разговори со донесувачите на одлуки

Во фаза 2, младите работеа на презентација на младинската визија и комуницрање на пораките кои беа изработени во фазата 1 кон донесувачите на одлуки.
Активностите кои младите ги спроведоа во втората фаза преку кои гласно го артикулираа својот младински глас се: консултативни состаноци и работилници, фокус групи, интервјуа, ситуациони анализи, фотографирање со порака од младите, младински кампови, изложби и многу други…

Повеќе за кампањата во Македонија, прочитајте на следниот линк. (идеите ги споделувам гласно )

Архива

January 2018
M T W T F S S
« Dec    
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
293031  

Post-2015

There are no upcoming events at this time.

Вести

Работилница за млади „THE GENDER PERSPECTIVE ON THE ISSUES ON SEXUAL AND REPRODUCTIVE HEALTH“

Работилница за млади „THE GEND

Во организација на мрежата на младински организации Y-PEER Македонија, со поддршка од канц
Kонсултативна средба „Воведување на формално сеопфатно сексуално образование во Република Македонија: предизвици и можности“

Kонсултативна средба „Воведува

Во организација на мрежата на младински организации Y-PEER Македонија, во соработка со Орг
Конференција „Млади,мир и безбедност“

Конференција „Млади,мир и безб

Младите како активни чинители во процесите на градење мир
Младинската мрежа Y-PEER Mакедо
ПОВИК ЗА СТАЖИРАЊЕ

ПОВИК ЗА СТАЖИРАЊЕ

Младинската мрежа Y-PEER Македонија по покана на Y-PEER интернационалниот институт за млад
Повик за конференција „Млади, мир и безбедност“

Повик за конференција „Млади,

МЛАДИНСКАТА МРЕЖА Y-PEER МАКЕДОНИЈА И
ЗДРУЖЕНИЕ ЗА СОЦИЈАЛНИ ИНОВАЦИИ „АРНО“
 
ОБЈАВУВА

Оваа веб страница е изготвена со поддршка од Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) во рамките на под-регионалната кампања „ Youth Voices” која во Македонија се имплементира под името „Идеите ги споделувам гласно“. Мислењата и ставовите искажани на оваа веб страница не ги претставуваат мислењата и ставовите на донаторите или други придружни организации.