Мени

Компонента млади

Oбјавено на: 27.12.2017

Во 2017 година Y-PEER Македонија се придружи на партнерството на УНФПА канцеларијата во Скопје и Здружението за социјални иновации „АРНО“ во имплементацијата на активности во рамки на компонентата млади од годишниот план на националната канцеларија.
Во рамки на ова партнерство се случија многу работилници за јакнење на капацитетите на младите и градење на нивните вештини за застапување.
1. Работилница за млади „Зголемување на младинското учество во процесите на донесување одлуки и соработка со институции“
2. Нови работилници за млади: цели за одржлив развој и родово трансформативни програми
3. Млади и застапување: платформи за подобра соработка со институциите

Во рамки на прокетот младинската мрежа Y-PEER Mакедонија и Здружението за социјални иновации „АРНО“ на 5–ти и 6–ти октомври ја организираа конференцијата „Млади, мир и безбедност“. На конференцијата учествуваа 20 млади од различни градови од Македонија кои учеа за концептите на мир, новата развојна агенда на Обединетите нации и целите за одржлив развој (ЦОР). Целта на оваа конференција беше младите да се стекнат со знаења за приодите на градењето на мир преку иницијативи на младинските организации, со вклучување на маргинализирани адолесценти и млади. Младите имаа можност да стекнат вештини за имплементирање на иницијативи за градење на мир преку нивно активно вклучување во различни процеси кои придонесуваат кон безбедност и стабилност во процесите на социјална интергација. На отворањето на конференцијата се обрати министерката за одбрана Радмила Шекеринска која изјави:
„ Државата може да биде отпорна од безбедносни ризици само ако во неа има владеење на правото, државни институции кои пристојно функционираат, слободни медиуми, правда! Нема стабилност ако нема демократија. Македонија е во позиција да покаже дека со зацврстување на демократијата и правната држава се зацврстува безбедноста, дека етничкиот и религиозен диверзитет не значи ризик. Да ја трансформираме кризата во можност да станеме пример! Бидете многу поактивни, вклучете се во процесот на носење одлуки, вршете јавен притисок за своите права, вклучете ги младите кои се чувствуваат изолирани, бидете борбени! Многу е важно да бидете ангажирани, гласни, да знаете што барате. Државата мора да се бори за својот ресурс кој заминува.“

Во рамки на проектот се спроведе и кампањата „И мажите можат“ . Национална кампања имаше за цел да го промовира вклучувањето на мажите и момчињата за родова еднаквост. Кампањата беше насочена кон испраќање пораки до заедниците и медиумите и организирање на обуки и настани кои се однесуваат на вклучување на татковците и градењето на нивните вештини за грижа за децата и грижа во домот. Кампањата се одвиваше во рамки на иницијативата „Вклучување на мажите и момчињата за родова еднаквост“-проект на Здружение за социјални иновации „АРНО“ кој се имплементираше во партнерство со Y-PEER Македонија со поддршка на Регионалната канцеларија на УНФПА за Источна Европа и Централна Азија. Организации кои го поддржија проектот во Македонија се: Здружение Родова Перспектива, Здружение за еднакви можности „СЕМПЕР“ – Битола , ЖЕНСКИ ФОРУМ –ТЕТОВО, Женска Граѓанска Иницијатива АНТИКО, ЕХО Едукативно-хуманитарна организација, Tiiiit !Inc и Организација жени на град Скопје и Национална мрежа против насилство врз жените и семејното насилство.

Во рамки на кампањата на 16ти октомври во Јавна Соба се одржа и првиот саем за мажи. Во рамки на саемот се одржаа три работилници насловени како „Мажите пеглаат“, „Мажите готват“ и „Креативни игри за деца“. Учесниците ги градеа своите вештини во кујна преку подготовка на фамилијарен оброк и подготовка на привлечни и здрави оброци за деца по рецептите на Џорџ Георгиевски – таткото од Австралија со македонско потекло кој стана хит на социјалните мрежи со подготовка на ужинка и кој официјално даде поддршка и на македонската кампања „И мажите можат“. На настанот учесниците исто така имаа шанса да стекнат вештини за пеглање, диплење и анимирање на деца со театар на сенки.
Инструктори на работилниците беа Антонио Ѓорѓиевски (професионален млад готвач кој готви и секојдневно за семејството), Самет Шабани и Александар Грујиќ (млади луѓе чие хоби е пеглањето) и Круме Стефановски (основач на театарската група „Сенки и облаци“ и посветен татко). Во своите први чекори кампањата се фокусира на промовирање на позитивните примери на татковството и старателството во секојдневниот живот во семејствата, како и грижа во домот.

Слики од настанот и повеќе информации и тековни новости можете да најдете на фејсбук страницата „И мажите можат“ .

Во финалната фаза од проектот беа ангажирани консултанти за изработка на документ наречен како Ситуациона анализа „Воведување на формално сеопфатно сексуално образование во Република Македонија: предизвици и можности“. По изработката на нацрт-документот со цел отварање на нацонална дискусија и финализриање на документот беше организиран средба со засегнатите страни. Повеќе информации за тематската област сеопфатно сексуално образование во Македонија можете да ги погледнете тука.

Архива

April 2020
M T W T F S S
« Mar    
 12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
27282930  

Вести

Младински форум - Доброволен национален преглед (VNR)

Младински форум – Доброволен н

На 6 март 2020 година во Скопје, Y-PEER во соработка со Владата на Република Северна Маке
Работилници за Цели за одржлив развој и ICPD

Работилници за Цели за одржлив

Во декември 2019 во организација на Y-PEER, со поддршка од канцеларијата на УНФПА во Скоп
Повик: Работилница за Цели за одржлив развој и нивната иднина

Повик: Работилница за Цели за

Y-PEER Македонија објавува повик за пријава на 15 млади кои ќе учествуваат на еднодневен
Y-PEER на ICPD25 - Самит во Најроби

Y-PEER на ICPD25 – Самит во На

Oд 12 до 14 ноември 2019 година во Најроби – Кенија, се одржа ICPD25 глобалниот самит, в
Младински модел - ICPD

Младински модел – ICPD

Во пресрет на Глобалниот ICPD самит во Најроби во период од 16-17 октомври, во Каиро, Ег