Мени

Конференција „Млади,мир и безбедност“

Oбјавено на: 06.10.2017

Младите како активни чинители во процесите на градење мир

Младинската мрежа Y-PEER Mакедонија и Здружението за социјални иновации „АРНО“ на 5ти и 6ти октомври ја организираат конференцијата „Млади, мир и безбедност“. На конференцијата учествуваат 20 млади од различни градови од Македонија кои  учат за концептите на мир, новата развојна агенда на Обединетите нации и целите за одржлив развој (ЦОР). Оваа конференција се спроведува во рамки на компонентата млади како дел од предвидениот работен план за 2017-та година на националната Канцеларија на Фондот за население на Oбединетите нации (УНФПА). 

 

Целта на оваа конференција е  младите да се стекнат со знаења за приодите на градењето на мир преку иницијативи на младинските организации, со вклучување  на маргинализирани адолесценти и млади. Младите ќе имаат можност да стекнат вештини за имплементирање на иницијативи за градење на мир преку нивно активно вклучување во различни процеси кои придонесуваат кон безбедност и стабилност во процесите на социјална интергација.

 

На отворањето на конференцијата се обрати министерката за одбрана Радмила Шекеринска која изјави:

„ Државата може да биде отпорна од безбедносни ризици само ако во неа има владеење на правото, државни институции кои пристојно функционираат, слободни медиуми, правда! Нема стабилност ако нема демократија. Македонија е во позиција да покаже дека со зацврстување на демократијата и правната држава се зацврстува безбедноста, дека етничкиот и религиозен диверзитет не значи ризик. Да ја трансформираме кризата во можност да станеме пример! Бидете многу поактивни, вклучете се во процесот на носење одлуки, вршете јавен притисок за своите права, вклучете ги младите кои се чувствуваат изолирани, бидете борбени! Многу е важно да бидете ангажирани, гласни, да знаете што барате. Државата мора да се бори за својот ресурс кој заминува.“

 

Од националната Канцеларија на Фондот за население на Oбединетите нации (УНФПА) во воведниот дел на конференцијата се обрати Јованка Григоријевиќ Брајовиќ која изјави:

„Младите луѓе денес се соочуваат со голем број проблеми и предизвици, но доколку им се понудат вистинските опции, тие можат да бидат вистински двигатели на промени кон постигнување на поинклузивно општество, во кое сите ќе живеат во благосостојба.“

Од Y-PEER  Македонија, Кристијан Ангелески изјави:

„ Денес и утре сме тука со младите да работиме на оваа многу важна тема. младите луѓе во 2015 ја добија резолуцијата 2250 за млади, мир и безбедност која  ја истакнува улогата на владите во заштита на младите луѓе во услови на конфликт и во рамки на пост-конфликтните општества, промовирајќи ја нивната улога во градење и зачувување на мирот, вклучувајќи младинско учество во сите нивоа на донесување одлуки. Оваа резолуција ги повикува земјите членки да понудат механизми за спречување и решавање на конфликти, во партнерство со младите луѓе. Следните чекори на Y-PEER Македонија се поврзани со понатамошното застапување на младите и нивното учество во, пред се, националните процеси и локализирањето на Целите за одржлив развој во национален контекст. Соработката со институциите е клучна во овие пристапи.“

Архива

July 2020
M T W T F S S
« Jun    
 12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
2728293031  

Вести

ПОВИК ЗА КОНСУЛТАНТ

ПОВИК ЗА КОНСУЛТАНТ

Y-PEERОБЈАВУВАПОВИК ЗА КОНСУЛТАНТза изработка на анализа на прашалник за млади и Ковид-19
Младински форум - Доброволен национален преглед (VNR)

Младински форум – Доброволен н

На 6 март 2020 година во Скопје, Y-PEER во соработка со Владата на Република Северна Маке
Работилници за Цели за одржлив развој и ICPD

Работилници за Цели за одржлив

Во декември 2019 во организација на Y-PEER, со поддршка од канцеларијата на УНФПА во Скоп
Повик: Работилница за Цели за одржлив развој и нивната иднина

Повик: Работилница за Цели за

Y-PEER Македонија објавува повик за пријава на 15 млади кои ќе учествуваат на еднодневен
Y-PEER на ICPD25 - Самит во Најроби

Y-PEER на ICPD25 – Самит во На

Oд 12 до 14 ноември 2019 година во Најроби – Кенија, се одржа ICPD25 глобалниот самит, в