Кристијан Ангелески
Кристијан Ангелески
Претседател
kristijan.angeleski@youthpeer.org.mk
Кристијан Ангелески е основач и претседател на Здружението за младински активизам и едукација „Y-PEER“. Во граѓанскиот сектор се вклучува во 2008 година како волонтер. Низ годините работел во повеќе организации и програми на меѓународни донатори.
Во 2015 година, на покана од Младинскиот институт за обука и истражување Y-PEER PETRI од Софија, при Министерството за здравство на Република Бугарија, Кристијан ја користи својата експертиза во подобрувањето на мобилизацијата на ресурси за Мрежата Y-PEER во Источна Европа и регионот на Централна Азија. Кристијан има меѓународно признат сертификат за обучување во областа на проектниот развој и менаџмент. Своето формално образование го почнува со додипломскии студии по економија на Катедрата за е-бизнис на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.