Мени

12-ти август- меѓународен ден на млади според ООН

Oбјавено на: 15.04.2015

На 17 јануари 1999 година, co резолуцијата 54/120, Генералното собрание на Обединетите нации ја усвои препораката на Светската конференција на министрите одговорни за млади (Лисабон, 08-12 август 1998) дека 12 август ќе се прогласи како Меѓународен ден на младите.
Y-PEER Македонија во 2007 година за прв пат во Македонија го одбележа овој ден со низа активности кои го потенцираат значењете на младинското учество и промоција на младите како активни чинители во општеството. За повеќе информации околу годишните тематики посетете ја официјалната страна http://www.un.org/en/events/youthday/ 


Меѓународен ден на млади 2011

599970_336153809806753_9395314_n Со повеќе настани во Скопје и во Охрид, Канцеларијата на УНФПА во Македонија и Y-PEER Македонија – младинска мрежа од 20 невладини организации кои работат на унапредување на сексуалното и репродуктивното здравје го одбележуваат 12 Август – Меѓународни
от ден на младите. Централниот настан за одбележувањето на Светскиот ден на младите во 2011 се случи  во Охрид. Цел ден на плажите што младите најчесто ги посетуваат, активисти од Црвениот крст од Охрид поделени во три групи дистрибуираа кондоми и едукативни материјали за промоција на бесплатните советувалишта за сексуално и репродуктивно здравје за млади.
На плажата „Куба Либре“ концерт одржа Y-PEER амбасадорот за Македонија – Дани Димитровска. Концертот беше проследен со едукативно забавни активности за проверка на знаењето за ХИВ/СИДА на посетителите и вештините за правилна употреба на кондом.


294734_280767805275335_895466186_nВо рамки на одбележувањето на Меѓународниот ден на младите во 2011 организацијата „Младите можат“ која е член на Y-PEER Македонија организира јавна дискусија со гости од НВО секторот, на тема „Младински активизам – практики и препораки за подобрување на меѓуетничкиот дијалог“. Јавната дебата се одржавечер во просториите на Културниот центар КРЕАТИВ во Скопје и беше предовдена од Ирина Јаневска и Нина Павловска-Фокални точки на мрежата.


Август месец на млади 2008

Предводени од потребата да се зголеми младинското учество во сите аспекти на општеството и процесите на донесување на одлуки, притоа стремејќи се кон креирање на демократаско, отворено, активно и поздраво општество младите активисти од невладините организации – членки на Y-PEER националната мрежа, во 2008 го одбележаа август како месец на младите. Проектот „Август-месец на млади“ претставува иницијатива која стреми да ги поттикне државните власти и останатите засегнати страни да посветат поголемо внимание на младинските прашања во земјата – препознавање на младинските потенцијали, прославување на нивните достигнувања и планирање на идни активности за поголемо вклучување на младите во развојот на општеството. На 30 јули 2008, националната мрежа на невладини организации – Y-PEER Македонија организираше прес-конференција во просториите на ООН со цел да го објави почетокот на иницијативата. Откачениот италијански бенд “Оркестра ди Ритми Модерни Артуро Пјаца” летото 2008 во Охрид одржа дури три концерти како дел од нивната турнеја на Балканот. Гласот на Фредерико, мелодијата на нивните труби, саксофонот и динамичниот ритам на нивните тапани не допуштија публиката да не заигра на нивните песни. Овој весел настан беше повод за да се најави отворањето на Европскиот Центар “Млади за Млади” во Скопје, проект на истоимената НВО, како и прилика за да публиката се запознае со Y-PEER Македонија нејзината мисија .

553514_336153773140090_1816299806_nВо 2008, по втор пат во Македонија беше одбележан Меѓународниот ден на млади. Настанот се одржа во Маврово и беше во рамки на петтиот Y-PEER Национален тренинг за тренери организиран од Х.Е.Р.А. Активностите беа поддржани од АСТРА – младинската мрежа и беа под слоганот „Избираме здравје, Сексуална едукација за сите!“. Во период од 2 часа, учесниците на тренингот дистрибуираа промотивни материјали (маици, врвки) и кондоми на минувачите на улиците и присутните во Мавровскиот рекреативен центар. Истовремено, тие им објаснуваа на луѓето за Меѓународниот ден на млади и неговата важност. Беа пренесувани и информации за ХИВ/СИДА и превенција, на интерес на слушателите.


Меѓународен ден на млади 2007

 Светскиот ден на младите – 12 август, во 2007 за прв пат беше одбележан во Македонија под мото „Биди виден, биди чуен: младинско учество за развој”, со што земјата за прв пат се вклучи во традиционалното глобално одбележување на денот кој и е посветен на младата популација. Пред трговскиот центар „Бисер”, во општината Аеродром, се одржаа  театарски претстави, улични анимации, беа поставени информативни штандови на невладини организации, се организира креативно сликање на платно и други забавни и едукативни игри.

 524344_335447709877363_1013334316_n 395990_335447086544092_950701581_n

Голем број млади луѓе, кои дојдоа да го одбележат светскиот ден, како и случајни минувачи, добија и брошури и совети за сексуалното и репродуктивното здравје, како и совети за исхраната и здравствените навики. За време на настанот, презентирани беа и видеостории, изработени од млади луѓе, на тема ХИВ/СИДА, болест која во светот најмногу ги напаѓа младите.  Манифестацијата ја организира канцеларијата на Фондот за население на ОН во Македонија (УНФПА), во соработка со мрежата Y-PEERМакедонија.

318872_335446236544177_2145458269_nПорака до младите во целиот свет упати и генералниот секретар на ООН, Бан Ки Мун, со зборовите „Меѓународниот ден на младите е прилика која се нуди еднаш во годината да им се оддаде признание на 1,2 милијарди млади луѓе низ светот, да се прослават нивните достигнувања и да се дејствува за нивно учество во сите области на општеството”.

Архива

December 2017
M T W T F S S
« Oct    
 123
45678910
11121314151617
18192021222324
25262728293031

Post-2015

There are no upcoming events at this time.

Вести

Конференција „Млади,мир и безбедност“

Конференција „Млади,мир и безб

Младите како активни чинители во процесите на градење мир
Младинската мрежа Y-PEER Mакедо
ПОВИК ЗА СТАЖИРАЊЕ

ПОВИК ЗА СТАЖИРАЊЕ

Младинската мрежа Y-PEER Македонија по покана на Y-PEER интернационалниот институт за млад
Повик за конференција „Млади, мир и безбедност“

Повик за конференција „Млади,

МЛАДИНСКАТА МРЕЖА Y-PEER МАКЕДОНИЈА И
ЗДРУЖЕНИЕ ЗА СОЦИЈАЛНИ ИНОВАЦИИ „АРНО“
 
ОБЈАВУВА
Работилница за млади „Зголемување на младинското учество во процесите на донесување одлуки и соработка со институции“

Работилница за млади „Зголемув

Во организација на мрежата на младински организации Y-PEER Македонија, во соработка со Орг
ПОВИК ЗА ФАСИЛИТАТОРИ

ПОВИК ЗА ФАСИЛИТАТОРИ

МЛАДИНСКАТА МРЕЖА Y-PEER МАКЕДОНИЈА И
ЗДРУЖЕНИЕ ЗА СОЦИЈАЛНИ ИНОВАЦИИ „АРНО“
 
ОБЈАВУВА

Оваа веб страница е изготвена со поддршка од Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) во рамките на под-регионалната кампања „ Youth Voices” која во Македонија се имплементира под името „Идеите ги споделувам гласно“. Мислењата и ставовите искажани на оваа веб страница не ги претставуваат мислењата и ставовите на донаторите или други придружни организации.