Мени

Меѓународна конференција за население и развој – ICPD

Oбјавено на: 16.11.2018
ICPD_CSO_Statements

Во период од 29-ти септември до 2-ри октомври во Женева – Швајцарија, по повод 25-годишнината од Меѓународната конференција за население и развој (ICPD – International Conference on Population and Development) се одржа Регионална конференција на тема „Овозможувајќи избор: Динамика на населението и одржлив развој“.

Препознавајќи ја важноста на процесот и со цел обезбедување на поширока консултација поврзана со работната рамка пред конференција се одржаа две консултации:

1. Младинска консултација – 29ти октомври

Главната цел на младинската консултација во рамки на овој процес беше насочена кон отварање на дискусија со младите за предизвиците со кои се соочуваат во насока на динамика на населението во периодот (2013-2018 година) и кои позитивни примери и практики може да се применат во иднина. Oваа консултација послужи да им се даде можност на младите да изработат младинска препорака која понатака ќе биде проследена на главната конференција.

2. Консултација на претставници на граѓанските организации – 30ти октомври

Консултацијата на претставници на граѓански организации послужи да се запознаат организациите со процесот и прогресот во изминатиот период во изминатите 5 години во регионот, да се поттикнат заеднички акции и развијат приоритети за во следниот период.

Меѓународната конференција за население и развој „Овозможувајќи избор: Динамика на населението и одржлив развој“ (1 – 2 октомври) има за цел да ја зајакне поврзаноста помеѓу ИЦПД и Агендата за одржлив развој 2030 година. Фокусот во рамки на конференцијата беше ставен на имплементација на клучните активности, како и на политиката за решавање на проблемите поврзани со: Динамика на населението и одржлив развој, Семејства, сексуално и репродуктивно здравје и Нееднаквост, опшествена инклузија и права.

Целосниот извештај од конференцијата можете да го пронајдете на следниот линк.

Учество во име на Y-PEER Македонија на конференцијата и консултациите зема Кристијан Ангелески.

Архива

August 2019
M T W T F S S
« Jul    
 1234
567891011
12131415161718
19202122232425
262728293031  

Post-2015

There are no upcoming events at this time.

Вести

Mладинска порака – Ден на млади

Mладинска порака – Ден на млад

12-ти август, 2019 (Скопје) – Денес се одбележува светскиот ден на младите под мотото „Тра
Обмислени лидерски – Што се промени во последните 25 години?

Обмислени лидерски – Што се пр

10 јули Скопје – Светскиот ден на населението повикува на глобално внимание во врска со не
Повик за млади стажирање во Y-PEER ПЕТРИ

Повик за млади стажирање во Y-

 

Младинската мрежа Y-PEER Македонија по покана на Y-PEER интернационалниот инстит

Работна средба на Y-PEER

Работна средба на Y-PEER

Во насока на планирање на следни активности на Y-PEER во државата, на 11 април 2019 година
Работилница „Цели за одржлив развој и млади“

Работилница „Цели за одржлив р

Во организација на мрежата на младински организации Y-PEER Македонија, со поддршка од канц

my site my site my site
Оваа веб страница е изготвена со поддршка од Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) во рамките на под-регионалната кампања „ Youth Voices” која во Македонија се имплементира под името „Идеите ги споделувам гласно“. Мислењата и ставовите искажани на оваа веб страница не ги претставуваат мислењата и ставовите на донаторите или други придружни организации.