Мени

Млади, мир и безбедност

Oбјавено на: 27.12.2017

Преку низата иницијативи кои Y-PEER ги организираше во Македонија минатиот период, младите имаа можност да бидат дел од неколку кампањи кои го промовираа младинското учество во различни процеси, фокусирајќи се на целите за одржлив развој (ЦОР). Преку соработка со владите и институциите и во потрага по долготрајни решенија на конфликтите и предизвиците со безбедноста, целите за одржлив развој се насочени кон значително намалување на сите форми на насилство.

 

Покрај изработенот промотивен материјал кој укажува на важноста на Резолуцијата 2250 (на овој линк можете да го преземете документот насловен како One Pager Млади мир и безбедност) со цел зголемуање на знаењата на младите за тековните и потенцијалните активности во оваа област младите организираа дводневна конференција.
Дводневна конференција „Млади, мир и безбедност“ која се одржа на 5-ти и 6-ти октомври во Скопје имаше за цел да ги зголеми практичните знаења и вештини на 20 млади од Македонија во областа на ЦОР и иницијативите за градење на мир.

Покрај младите учесници на конференцијата се обрати и министерката за одбрана Радмила Шекеринска која изјави:
„ Државата може да биде отпорна од безбедносни ризици само ако во неа има владеење на правото, државни институции кои пристојно функционираат, слободни медиуми, правда! Нема стабилност ако нема демократија. Македонија е во позиција да покаже дека со зацврстување на демократијата иправната држава се зацврстува безбедноста, дека етничкиот и религиозен диверзитет не значи ризик. Да ја трансформираме кризата во можност да станеме пример! Бидете многу поактивни, вклучете се во процесот на носење одлуки, вршете јавен притисок за своите права, вклучете ги младите кои се чувствуваат изолирани, бидете борбени! Многу е важно да бидете ангажирани, гласни, да знаете што барате. Државата мора да се бори за својот ресурс кој заминува.“

 

Од националната Канцеларија на Фондот за население на Oбединетите нации (УНФПА) во воведниот дел на конференцијата се обрати Јованка Григоријевиќ Брајовиќ која изјави:
„Младите луѓе денес се соочуваат со голем број проблеми и предизвици, но доколку им се понудат вистинските опции, тие можат да бидат вистински двигатели на промени кон постигнување на поинклузивно општество, во кое сите ќе живеат во благосостојба.“

 

Од Y-PEER Македонија, Кристијан Ангелески изјави:
„ Денес и утре сме тука со младите да работиме на оваа многу важна тема. младите луѓе во 2015 ја добија резолуцијата 2250 за млади, мир и безбедност која ја истакнува улогата на владите во заштита на младите луѓе во услови на конфликт и во рамки на пост-конфликтните општества, промовирајќи ја нивната улога во градење и зачувување на мирот, вклучувајќи младинско учество во сите нивоа на донесување одлуки. Оваа резолуција ги повикува земјите членки да понудат механизми за спречување ирешавање на конфликти, во партнерство со младите луѓе. Следните чекори на Y-PEER Македонија се поврзани со понатамошното застапување на младите и нивното учество во, пред се, националните процеси илокализирањето на Целите за одржлив развој во национален контекст. Соработката со институциите е клучна во овие пристапи.“

 

Архива

January 2020
M T W T F S S
« Dec    
 12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
2728293031  

Вести

Повик: Работилница за Цели за одржлив развој и нивната иднина

Повик: Работилница за Цели за

Y-PEER Македонија објавува повик за пријава на 15 млади кои ќе учествуваат на еднодневен
Повик за учесници на младинска размена “Youth for SDGs & SDGs for Youth”- Бугарија

Повик за учесници на младинска

Ако си на возраст од 17-27 години и сакаш да научиш нешто повеќе за целите за одржлив разв
Mладинска порака – Ден на млади

Mладинска порака – Ден на млад

12-ти август, 2019 (Скопје) – Денес се одбележува светскиот ден на младите под мотото „Тра
Работна средба на Y-PEER

Работна средба на Y-PEER

Во насока на планирање на следни активности на Y-PEER во државата, на 11 април 2019 година
Punëtori për Objektivat për zhvillim të qëndrueshëm dhe rin

Punëtori për Objektivat për zh

Y-PEER Maqedoni shpall thirrje për regjistrimin e 17 të rinjve të cilët do të marrin pjesë