Мени

Mладинска порака – Ден на млади

Oбјавено на: 12.08.2019

12-ти август, 2019 (Скопје) – Денес се одбележува светскиот ден на младите под мотото „Трансформативно образование“ кое го нагласува трудот за релевантно, правично и инклузивно образование за сите млади, вклучувајќи и препознавање на иницијативи кои се поттикнати дирекно од младите луѓе.

За Y-PEER светскиот ден на млади  е прилика да се прослави посветеноста на младите и напорите кои тие ги инвестираат за подобрување на секојдневниот живот на многу луѓе од заедниците во кои живеат.

Денешниот ден е посветен на оние млади луѓе кои превземаат иницијатива, кои цврсто веруваат во подобро утре и посветено работат за истото, сите млади кои сопствениот потенцијал го користат за подобрување на сопствената благосоствојба но и благосостојбата на своите врсници и луѓето од заедниците подеднакво и сите оние кои без страв им се спротивставууват на неправилностите кои ги има и се присутни во  општеството.

Денот на младите, Y-PEER Македонија го одбележува од 2007-ма година со локални активности, приклучувајќи се во 2015-та на светската кампања за промовирање на Целите за одржлив развој #SDGS преку низа активности и кампањи на социјалните мрежи со хаштагот #ИЈасИмамЦел.

Оваа година фокусот е на Цел 5 – Подобро образование од Агендата 2030 за Одржлив развој која се залага за  обезбедување на инклузивно и правично квалитетно образование и промовирање на можноста за доживотно учење за сите. Меѓународниот ден на младите 2019 година ќе испита како владите, младите и организациите предводени од млади, како и другите засегнати страни, го трансформираат образованието и како овие напори придонесуваат за постигнување на Целите за одржлив развој во рамки на Агендата за одржлив развој до 2030 година.

По повод овогодинешното мото мрежата упатува апел до донесувачите на одлуки и сите засегнати страни да се стави фокус на: инклузивноста не како избор туку како принцип врз кои ќе се гради образованието; вклучување на Сеопфатно сексуалано образование во редовното образование; никој да не биде исклучен од пристап до квалитетно образование; поголема примена на врсничката едукација како метод кој покажал дека подобрува многу вештини кај младите, им ги зајакнува капацитетите и знаењето и прави промена во однесувањата; вклучување и афирмирање на неформалното образование и врсничката едукација во образовните програми.

Mрежата апелира за обезбедување  на младинското учество во сите овие области и процеси на донесување одлуки, и за унапредување на индивидуалните избори и дејствиа кои овозможуваат подобро образование и едукација за сите со цел никој да не биде изоставен.

Архива

June 2020
M T W T F S S
« Mar    
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
2930  

Вести

Младински форум - Доброволен национален преглед (VNR)

Младински форум – Доброволен н

На 6 март 2020 година во Скопје, Y-PEER во соработка со Владата на Република Северна Маке
Работилници за Цели за одржлив развој и ICPD

Работилници за Цели за одржлив

Во декември 2019 во организација на Y-PEER, со поддршка од канцеларијата на УНФПА во Скоп
Повик: Работилница за Цели за одржлив развој и нивната иднина

Повик: Работилница за Цели за

Y-PEER Македонија објавува повик за пријава на 15 млади кои ќе учествуваат на еднодневен
Y-PEER на ICPD25 - Самит во Најроби

Y-PEER на ICPD25 – Самит во На

Oд 12 до 14 ноември 2019 година во Најроби – Кенија, се одржа ICPD25 глобалниот самит, в
Youth for SDGs – SDGs for youth

Youth for SDGs – SDGs for yout

Oд 21 до 27 октомври 2019 година во Петрохан – Бугарија, се одржа младинската размена You