Мени

Mладинска порака – Светскиот ден на младите 2016

Oбјавено на: 12.08.2016
43

12-ти август, 2016 (Скопје) – Денес се одбележува светскиот ден на млади под мотото  „Патот до 2030та: Искоренување на сиромаштијата и постигнување одржливо
производство и потрошувачка“. Оваа година фокусот се става на водечката улога на младите луѓе во обезбедување на еднаквост и постигнување на одржлив развој во општеството.

За Y-PEER светскиот ден на млади  е прилика да се прослави посветеноста на младите и напорите кои тие ги инвестираат за подобрување на  нивната благосостојба, но и благостостојбата на нивните заедници.

 

„На глобално ниво, големите млади популации претставуваат историска можност за напредок и  иновативни решенија со кои ќе се поттикне ваквата промена. Од суштинско значење за ова е да се  остварат правата на младите на учество во политичкиот, економскиот и социјалниот живот на  своите заедници и држави, и на слободни информирани одлуки за своите тела, сексуалноста и  репродукцијата, без дискриминација, насилство или принуда.“ – изјави извршниот директор на УНФПА, др Бабатунде Осотимехин, за  Меѓународниот ден на младите.

 

Денот на младите, Y-PEER Македонија го одбележува од 2007-ма година со локални активности, приклучувајќи се минатата година на светската кампања за промовирање на одржливите развојни цели #sdgs преку низа активности и кампања на социјалните мрежи со хаштагот #иЈасИмамЦел. Преку застапување на младите мрежата настојува во процесот на избирање на таргетите на национално ниво, да се земат предвид потребите на младите од Македонија  кои беа адресирани преку  „Младинските препораки за пост-2015“ и кои добија поддршка од 47 македонски младински организации.

Целите за одржлив развој припаѓаат на секој жител на земјената планета и успешноста на новата развојна агенда зависи од поддршката и инвестицијата во младите. Инвестиции се потребни со цел заштита на здравјето на младите, вклучувајќи го и сексуалното и репродуктивно здравје, пристап до квалитетно образование, како и зголемување на економските можности со цел здобивање на пристојна работа. Токму овие три области беа избрани како пририретни и се најдоа во „Младинските препораки“ на младите од Македонија.

По повод овогодинешното мото мрежата упатува апел до донесувачите на одлуки и сите засегнати страни да се стави фокус на: социјалниот  развој за одржливо производство и потрошувачка; овозможувањето крос-секторски пристап кон одржливоста; и на оптштествените , политички, економски и еколошки врски, кои се потребни за одржлив развој. Mрежата апелира за обезбедување  на младинското учество во сите овие области и процеси, и за унапредување на  индивидуалните избори и дејствиа кои овозможуваат зголемување на еко-ефикасноста, потрошувачката моќ на сите нас, и минимизирање на отпадот и загадувањето.

International Youth Day 2016

Архива

December 2017
M T W T F S S
« Oct    
 123
45678910
11121314151617
18192021222324
25262728293031

Post-2015

There are no upcoming events at this time.

Вести

Конференција „Млади,мир и безбедност“

Конференција „Млади,мир и безб

Младите како активни чинители во процесите на градење мир
Младинската мрежа Y-PEER Mакедо
ПОВИК ЗА СТАЖИРАЊЕ

ПОВИК ЗА СТАЖИРАЊЕ

Младинската мрежа Y-PEER Македонија по покана на Y-PEER интернационалниот институт за млад
Повик за конференција „Млади, мир и безбедност“

Повик за конференција „Млади,

МЛАДИНСКАТА МРЕЖА Y-PEER МАКЕДОНИЈА И
ЗДРУЖЕНИЕ ЗА СОЦИЈАЛНИ ИНОВАЦИИ „АРНО“
 
ОБЈАВУВА
Работилница за млади „Зголемување на младинското учество во процесите на донесување одлуки и соработка со институции“

Работилница за млади „Зголемув

Во организација на мрежата на младински организации Y-PEER Македонија, во соработка со Орг
ПОВИК ЗА ФАСИЛИТАТОРИ

ПОВИК ЗА ФАСИЛИТАТОРИ

МЛАДИНСКАТА МРЕЖА Y-PEER МАКЕДОНИЈА И
ЗДРУЖЕНИЕ ЗА СОЦИЈАЛНИ ИНОВАЦИИ „АРНО“
 
ОБЈАВУВА

Оваа веб страница е изготвена со поддршка од Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) во рамките на под-регионалната кампања „ Youth Voices” која во Македонија се имплементира под името „Идеите ги споделувам гласно“. Мислењата и ставовите искажани на оваа веб страница не ги претставуваат мислењата и ставовите на донаторите или други придружни организации.