Мени

Национална работилница за сексуално и репродуктивно здравје и права

Oбјавено на: 25.05.2016
DSC_098011

Во периодот од 20-22.05.2016 во Хотел „Гранит“ – Охрид се одржа „Националнa работилница за сексуално и репродуктивно здравје и права“ во рамки на програмата за градење на капацитетите на организациите членки на Y-PEER Македонија, поддржана од Фондот за население на Обединети Нации (УНФПА).

На работилницата учество зедоа 14 учесници од различни региони од државата и од различни младински организации. Работилницата имаше за цел проширување и зајакнување на знаењата и вештините за трансфер на знаења во областа на сексуалното и репродуктивно здравје и права.

Првично на работилницата беше презентирана младинската мрежа за врсничка едукација Y-PEER Македонија, како и стандардите за врсничка едукација. Во продолжение на учесниците им беше претставен стандардизираниот прирачник кој содржи седум модули од областа на сексуалното и репродуктивното здравје и права: род, сексуално и репродуктивно здравје, граѓански аспекти, задоволство, насилство, врски и односи и различности. Работата за време на работилницата се фасилитираше по инструкциите и насоките наведени во прирачникот со цел учесниците да ги зајакнат своите прошират своите знаења и зајакнат вештините за трансфер во областа на сексуално и репродуктивно здравје и права.

Во следниот период сите учесници практично ќе ги применат стекнатите знаења и вештини со организирање на врснички едукации за сексуално и репродуктивно здравје и права и проширување на знаењата и информациите на нивните врсници во областа на сексуалното и репродуктивно здравје и права во повеќе региони од нашата држава.

Архива

June 2018
M T W T F S S
« Mar    
 123
45678910
11121314151617
18192021222324
252627282930  

Post-2015

There are no upcoming events at this time.

Вести

ПОВИК ЗА СТАЖИРАЊЕ ВО Y-PEER ПЕТРИ Софија

ПОВИК ЗА СТАЖИРАЊЕ ВО Y-PEER П

Младинската мрежа Y-PEER Македонија по покана на Y-PEER интернационалниот институт за млад
ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА Y-PEER PETRI - Sofia Annual School

ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА Y-PEER PET

Младинската мрежа Y-PEER Македонија по покана на Интернационалниот институт за младински р
Работилница за млади „THE GENDER PERSPECTIVE ON THE ISSUES ON SEXUAL AND REPRODUCTIVE HEALTH“

Работилница за млади „THE GEND

Во организација на мрежата на младински организации Y-PEER Македонија, со поддршка од канц
Kонсултативна средба „Воведување на формално сеопфатно сексуално образование во Република Македонија: предизвици и можности“

Kонсултативна средба „Воведува

Во организација на мрежата на младински организации Y-PEER Македонија, во соработка со Орг
Конференција „Млади,мир и безбедност“

Конференција „Млади,мир и безб

Младите како активни чинители во процесите на градење мир
Младинската мрежа Y-PEER Mакедо

Оваа веб страница е изготвена со поддршка од Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) во рамките на под-регионалната кампања „ Youth Voices” која во Македонија се имплементира под името „Идеите ги споделувам гласно“. Мислењата и ставовите искажани на оваа веб страница не ги претставуваат мислењата и ставовите на донаторите или други придружни организации.