Мени

Нови работилници за млади: цели за одржлив развој и родово трансформативни програми

Oбјавено на: 07.07.2017

Во организација на мрежата на младински организации Y-PEER Македонија, во соработка со Организацијата за социјални иновации АРНО и со поддршка на канцеларијата на УНФПА во Скопје се оддржаа втората и третата работилница од серијата работилници насловени како „Зајакнување на програмите за врсничка едукација вклучувајќи и родово трансформативни програми“. Работилниците се оддржаа на 4 и 5 јули 2017, во Скопје, Јавна Соба.

 

Претставнциите на над 11 младински организации дускутираа за подобра хармонизација на нивните активности, посебно во насока на зајакнување на нивните капацитети за планирање и спроведување на врничката едукација, новата развојна агенда на ООН, Целите за одржлив развој (ЦОР) и вопоставување на еднаквост за сите.
На двете работилници исто така се дебатираше за младинското учество во сите процеси на сите нивоа.

 

Во однос на целите за одржлив развој, на втората работилница младите беа запознаени со светските и националните процеси поврзани со целите за одржлив развој. Учесниците имаа прилика да се запознаат со што работат младите на глобално ниво во насока на создавање подобар свет во кој никој не е изоставен. Исто така, преставниците на Y-PEER Македонија, ја презентираа досегашната работа во однос на младинско учество во процесите поврзани со ЦОР во Македонија. Како заклучок од првата работилница произлезе дека треба да се работи повеќе во насока на артикулирање на младинскиот глас и младинските потреби во пост 2015 агендата на ООН.

 

Во однос на родова еднаквост, на третата работилница се презентираше пристапот на родово трансофрмативни програми, при што учесниците имаа можност да се стекнат со знаења и теоретски информации, како и да дискутираат за конкретните активности на претстојната кампања на АРНО и Y-PEER Македонија. Учесниците дојдоа до заклучок дека е потребно да се работи повеќе во насока на вклучување на сите, поеднакво, со акцент на вклучување на млади момчиња и мажи за родова еднаквост.

 

Архива

June 2018
M T W T F S S
« Mar    
 123
45678910
11121314151617
18192021222324
252627282930  

Post-2015

There are no upcoming events at this time.

Вести

ПОВИК ЗА СТАЖИРАЊЕ ВО Y-PEER ПЕТРИ Софија

ПОВИК ЗА СТАЖИРАЊЕ ВО Y-PEER П

Младинската мрежа Y-PEER Македонија по покана на Y-PEER интернационалниот институт за млад
ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА Y-PEER PETRI - Sofia Annual School

ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА Y-PEER PET

Младинската мрежа Y-PEER Македонија по покана на Интернационалниот институт за младински р
Работилница за млади „THE GENDER PERSPECTIVE ON THE ISSUES ON SEXUAL AND REPRODUCTIVE HEALTH“

Работилница за млади „THE GEND

Во организација на мрежата на младински организации Y-PEER Македонија, со поддршка од канц
Kонсултативна средба „Воведување на формално сеопфатно сексуално образование во Република Македонија: предизвици и можности“

Kонсултативна средба „Воведува

Во организација на мрежата на младински организации Y-PEER Македонија, во соработка со Орг
Конференција „Млади,мир и безбедност“

Конференција „Млади,мир и безб

Младите како активни чинители во процесите на градење мир
Младинската мрежа Y-PEER Mакедо

Оваа веб страница е изготвена со поддршка од Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) во рамките на под-регионалната кампања „ Youth Voices” која во Македонија се имплементира под името „Идеите ги споделувам гласно“. Мислењата и ставовите искажани на оваа веб страница не ги претставуваат мислењата и ставовите на донаторите или други придружни организации.