Y-PEER oбуки

Интернационалната мрежа Y-PEER има за цел: поактивно вклучување на младите во прашањата врзани со сексуално и репродуктивно здравје и градење на партнерства помеѓу младите и возрасните во застапувањето за потребата од споделување на информации и знаења за адолесцентното сексуално и репродуктивно здравје; создавање на стандарди на практики и подобрена ресурси за обуките за врснички едукатори; континуиран развој на фондот на знаеања на врсничките едукатори и обучувачи и изработка на национални младински стратегии за развој. Мрежата во своето делување има организирано бројни регионални напредни Обуки за обучувачи (Training of Trainers=ToT) со цел да се изгради капацитетот на обучувачите кои понатаму треба да дизајнираат и испорачаат Обуки за врсничка едукација со висок квалитет во рамки на програмите за сексуалното и репродуктивното здравје на младите луѓе во регионите каде делуваат.
Компонентата за обука на Y-PEER е развиена во согласност со јасна етичка позиција за сексуалното и репродуктивно здравје на младите луѓе како прашање на човекови права. Y-PEER работи според кодексот на етика со примена и развој на стандардите за врсничка едукација кои го осигуруваат квалитетот на обуките.
Неформалното образование се однесува на волонтерско учење кое се одвива во различни видови на средини и ситуации во кои обуката и учењето не се единствената активност. Овие средини и ситуации може да се повремени или минливи, при што активностите кои се одвиваат се водени од страна на професионални фацилитатори (како на пример младинските обучувачи/ тренери) или од страна на волонтери (како на пример младинските лидери). Обуките се плански и наменски дизајнирани и најчесто не се структурирани според конвенционалниот образовен ритам или училишни програми . Тие се однесуваат на специфични целни групи, но ретко ги оценуваат резултатите од учењето и достигнувањата според конвенционално видливи начини.
Во своето национално делување мрежата Y-PEER во Македонија во своите приоритети го има поставено испорачувањето на тренинг со кој се осигурува нова генерација на обучени млади луѓе.
Тренингот користи пристапи кои што го доведуваат до највисоко ниво учеството на оние што се тренираат, како што се интерактивни вежби, можности да се практикуваат нови (или веќе постоечки, значајни) вештини и играње на улоги за ситуации со кои што веројатно ќе се сретнат како едукатори на врсници.
Младите се вклучени во сите аспекти на составувањето на тренингот, спроведувањето и евалуацијата и помагаат во планирањето на идните тренинзи. Тренингот се изведува така што се остава доволно време за темите и вежбите, во зависност од нивната релевантност, како и знаењето и вештините на тренерите. Се вклучува време за евалуација, краток преглед и планирање на идните задачи. На учесниците им се обезбедуваат материјали однапред и во текот на сесиите, како што е соодветно, во што се вклучени практични материјали и инструкции за вежбите. На крајот од тренингот се разделуваат примероци од референтните и ревидирани материјали.
Механизмите за оценување на знаењето и развивањето на вештините на учесниците се поставуваат уште пред почетокот на тренингот (како основна линија) и се користат се до затворањето на истиот (пост-трениг евалуација). Достапни се и алатки за учесниците да може да го оценат тренингот.
Супервизорите се обучени со вештини за супервизија, запознаени се со очекувањата од програмата, како и содржината и пристапите во врсничката едукација.
Испробани и употребливи алатки за мониторирање (прашалници, дневници, формулари за следење, итн.) се развиваат како дел од системот на М&Е за следење и мерење на изведбата и напредувањето. Кадарот и врсничките едукатори се обучени да ги користат истите.
Архива
M | T | W | T | F | S | S |
---|---|---|---|---|---|---|
« Sep | ||||||
1 | ||||||
2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 |
9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 |
16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 |
23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 |
30 | 31 |
Post-2015
There are no upcoming events at this time.
Вести