Мени

Повик: Работилница за Цели за одржлив развој и нивната иднина

Oбјавено на: 16.12.2019

Y-PEER Македонија објавува повик за пријава на 15 млади кои ќе учествуваат на еднодневен настан – интерактивна работилница “What kind of SDGs future we want so see?!”. Работилницата ќе се оддржи во сабота (21ви декември) , во периодот од 10:00-17:00 часот во Скопје и е поддржана од Фондот за население на Обединетите нации, УНФПА во Скопје. 

Работилницата е наменета за сите млади кои сакаат да дискутираат за исполнувањето на Агендата 2030 на Обединетите нации, Целите за одржлив развој (SDGs – Sustainable Development Goals) и младинските програми поврзани со истите, да дознаат што се работи на оваа тематика на глобално ниво и да понудат сопствени размислувања во однос на младинската вклученост во процесите поврзани со ICPD и заложбите дадени од нашата држава и младите на глобално ниво.

Кој може да се пријави?

Сите млади на возраст од 16 до 24 години, кои се заинтересирани за промоција на глобални вредности, подобрено знаење за развојни политики, одржлив развој и ICPD агендата.

Каде и до кога е пријавувањето?

Пријавувањето е на следната форма, најдоцна до 19ти декември (четврток) до полноќ.

Избраните учесници ќе бидат известени во петок (20ти декември 2019). Трошоците поврзани со храна и освежување ќе бидат целосно покриени од страна на организаторот.

За сите прашања, контактирајте не’ преку електронска пошта youthpeermacedonia@gmail.com или преку нашата Facebook фан страна.

Архива

April 2020
M T W T F S S
« Mar    
 12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
27282930  

Вести

Младински форум - Доброволен национален преглед (VNR)

Младински форум – Доброволен н

На 6 март 2020 година во Скопје, Y-PEER во соработка со Владата на Република Северна Маке
Работилници за Цели за одржлив развој и ICPD

Работилници за Цели за одржлив

Во декември 2019 во организација на Y-PEER, со поддршка од канцеларијата на УНФПА во Скоп
Y-PEER на ICPD25 - Самит во Најроби

Y-PEER на ICPD25 – Самит во На

Oд 12 до 14 ноември 2019 година во Најроби – Кенија, се одржа ICPD25 глобалниот самит, в
Младински модел - ICPD

Младински модел – ICPD

Во пресрет на Глобалниот ICPD самит во Најроби во период од 16-17 октомври, во Каиро, Ег
Повик за учесници на младинска размена “Youth for SDGs & SDGs for Youth”- Бугарија

Повик за учесници на младинска

Ако си на возраст од 17-27 години и сакаш да научиш нешто повеќе за целите за одржлив разв