Мени

ПОВИК ЗА КОНСУЛТАНТИ

Oбјавено на: 22.08.2017
YPEER ARNO TOR consultants

МЛАДИНСКАТА МРЕЖА Y-PEER МАКЕДОНИЈА И
ЗДРУЖЕНИЕ ЗА СОЦИЈАЛНИ ИНОВАЦИИ „АРНО“

 

ОБЈАВУВААТ
ПОВИК ЗА КОНСУЛТАНТИ

за
ИЗРАБОТКА НА ПРЕПОРАКИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА НАЈСООДВЕТНИОТ МОДАЛИТЕТ ЗА СЕОПФАТНО ОБРАЗОВАНИЕ ЗА СРЗ ВО УЧИЛИШТАТА, КОЈ ЌЕ ОДГОВАРА НА ВОЗРАСТА.

 

 

Во рамки на предвидениот работен план на националната канцеларија на Фондот за населени на обединетите нации кој се спроведува во рамки на компонентата млади, младинската мрежа Y-PEER Македонија и Здружението за социјални иновации „АРНО“ имаат потреба од ангажирање на двајца консултанти кои ќе спроведат истражување кое ќе резултира со изработен документ- Препораки за утврдување на најсоодветниот модалитет за сеопфатно образование за СРЗ во училиштата, кој ќе одговара на возраста. Истражувањето е предвидено да даде анализа на состојбата со воведување на сеопфатно сексуално образование – ССО во училиштата.

Соодветна застапеност и третман на содржините од сексуалното образование во процесот на формална и неформалната едукација е дефинирано како цел број 4[1] во рамки на Националната стратегија за млади на Република Македонија.

Во рамки на стратегијата посочени се мерките за постигнување на оваа цел: „ 2. Анализа на наставните содржини за сексуално образование. 3. Анализа на можностите за проширување на знаењата за сексуалното воспитание и образование согласно возраста на учениците. 4. Согласно анализата да се направи дополнување на наставните содржини со теми базирани на најновите научни откритија согласно возраста на учениците. 5. Имплементација на одредени теми од содржините за сексуално воспитание и образование на пр. од наставните предмети: биологија, социологија и животни вештини, предавана од соодветен наставен кадар за наведените наставни предмети или од специјализирани стручни лица од областа на сексуалното воспитание и образование како ко-предавачи за одредени теми. 7. Анализа и евалвација на нивото и на начинот на спроведување на сексуална едукација во основното и средното образование, како составен дел од наставните програми од животни вештини и биологија.“ [2]

„…во средината на 2016 година, со водство на Министерството за здравство и со поддршка на УНФПА – Фонд за население при Обединетите Нации, беше спроведена национална проценка на националната стратегија за сексуално и репродуктивно здравје. Целта на оваа проценка беше да се направи евалуација на целите и резултатите од националните планови и приоритети во изминатите 5 години како и да се направи преглед на моменталната состојба на содржината и нивото на имплементација на политиките, услугите и капацитетите на државата поврзани со сексуалното и репродуктивно здравје.“ [1]

Во рамки Акцискиот план за сексуално и репродуктивно здравје на Република Македонија 2017-2020 наведени се следните препораки:

  • „Да се утврди најсоодветниот модалитет за сеопфатно образование за СРЗ во училиштата, кој ќе одговара на возраста.
  • Да се утврдат најсоодветните и најодржливи модалитети за обезбедување врсничка едукација за СРЗ во училиштата и на универзитетско ниво. Да се воведат подобри платформи/механизми во министерствата и државните институции за соработка со младинските НВО, не само за целите на стратегиско планирање, туку и заради заедничко спроведување.
  • … “ [2]

Понатаму, под-цел број 2 од годишниот работен план за имплементација на Фондот за население на Обединетите се однесува на “Зголемување на приоритетите на адолесцентите, особено на младите девојки во националните политики и програми за развој, особено зголемување на достапноста на сеопфатното сексуално образование и сексуалното и репродуктивно здравје. ” [3]

Консултантите ќе бидат ангажирани за истражување и состанување на документ со препораки. Процесот предвидува консултантите да спроведат секундарно прибирање на податоци (desk research) кое ќе вклучува анализа на постоечки податоци и информации поврзани со процесите на воведување на ССО во Македонија. Дополнително, од консултантите се очекува да ги мапираат и посетат организациите и институциите кои работат на полето на сексуално образование и да спроведат интервјуа кои ќе им обезбедат релевантни податоци од интервјуираните лица. По остварените анализи и средби, консултантите треба да подготват документ со препораки на темата.

Документот ќе биде дополнително дизајниран, испречатен и промовиран на јавен настан.

Предвидени активности:

  • Развивање на методологија за истражувањето
  • Изработка на работен план (во соработка со проектен координатор)
  • Анализа/истражување на локален контекст
  • Теренски посети
  • Изработка на документ ( резултати од истражување/препораки)

 

Предвиден ангажман: 10 работни денови

Надоместок: во зависност од работно искуство

Временска рамка:  4 – 18 септември 2017

 

Потребни квалификации:

  • Познавања од областа на сексуално репродуктивно здравје и права – СРЗП
  • Истражувачко искуство
  • Мрежи на контакти од релевантни чинители
  • Познавање на националните и интернационалните политики во областа на СРЗП и ССО
  • Познавање на вредностите и делувањето на мрежата Y-PEER
  • Највисоко ниво на само-иницијативност, способности за планирање и организација

 

 

Заинтересираните лица треба да испратат свое CV(1) на youthpeermacedonia@gmail.com најдоцна до 30.08.2017 (среда).

Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју кое ќе се одржи на 1- ви септември во Скопје. Ве молиме без телефонски јавувања.

 

[1] Ве молиме нагласете ги или споделете (може и придружно) Вашите претходни искуства и истражувања/референци поврзани со повикот.

 

[1] Министерство за здравство на Република Македонија (2017). АКЦИСКИ ПЛАН ЗА СЕКСУАЛНО И РЕПРОДУКТИВНО ЗДРАВЈЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 2017 – 2020 ГОДИНА. Скопје.

[2] Министерство за здравство на Република Македонија (2017). АКЦИСКИ ПЛАН ЗА СЕКСУАЛНО И РЕПРОДУКТИВНО ЗДРАВЈЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 2017 – 2020 ГОДИНА. Скопје.pp 49

[3] UNFPA (2013). UNITED NATIONS POPULATION FUND THE UNFPA STRATEGIC PLAN, 2014-2017. [online] p.7. Available at: http://www.unfpa.org/sites/default/files/resource-pdf/Strategic%20Plan%2C%202014-2017.pdf [Accessed 21 Aug. 2017].

 

[1] Агенција за млади и спорт (2016). Национална стратегија за млади 2016-2025. pp.21

[2] Агенција за млади и спорт (2016). Национална стратегија за млади 2016-2025. pp.21-22

Архива

December 2017
M T W T F S S
« Oct    
 123
45678910
11121314151617
18192021222324
25262728293031

Post-2015

There are no upcoming events at this time.

Вести

Конференција „Млади,мир и безбедност“

Конференција „Млади,мир и безб

Младите како активни чинители во процесите на градење мир
Младинската мрежа Y-PEER Mакедо
ПОВИК ЗА СТАЖИРАЊЕ

ПОВИК ЗА СТАЖИРАЊЕ

Младинската мрежа Y-PEER Македонија по покана на Y-PEER интернационалниот институт за млад
Повик за конференција „Млади, мир и безбедност“

Повик за конференција „Млади,

МЛАДИНСКАТА МРЕЖА Y-PEER МАКЕДОНИЈА И
ЗДРУЖЕНИЕ ЗА СОЦИЈАЛНИ ИНОВАЦИИ „АРНО“
 
ОБЈАВУВА
Работилница за млади „Зголемување на младинското учество во процесите на донесување одлуки и соработка со институции“

Работилница за млади „Зголемув

Во организација на мрежата на младински организации Y-PEER Македонија, во соработка со Орг
ПОВИК ЗА ФАСИЛИТАТОРИ

ПОВИК ЗА ФАСИЛИТАТОРИ

МЛАДИНСКАТА МРЕЖА Y-PEER МАКЕДОНИЈА И
ЗДРУЖЕНИЕ ЗА СОЦИЈАЛНИ ИНОВАЦИИ „АРНО“
 
ОБЈАВУВА

Оваа веб страница е изготвена со поддршка од Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) во рамките на под-регионалната кампања „ Youth Voices” која во Македонија се имплементира под името „Идеите ги споделувам гласно“. Мислењата и ставовите искажани на оваа веб страница не ги претставуваат мислењата и ставовите на донаторите или други придружни организации.