Мени

Повик за конференција „Млади, мир и безбедност“

Oбјавено на: 22.09.2017
Povik SDGS

МЛАДИНСКАТА МРЕЖА Y-PEER МАКЕДОНИЈА И
ЗДРУЖЕНИЕ ЗА СОЦИЈАЛНИ ИНОВАЦИИ „АРНО“

 

ОБЈАВУВААТ
ПОВИК ЗА УЧЕСНИЦИ

на
ДВОДНЕВНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ТЕМА „МЛАДИ, МИР И БЕЗБЕДНОСТ“

 

 
Преку низата иницијативи кои Y-PEER ги организираше во Македонија минатиот период, младите имаа можност да бидат дел од неколку кампањи кои го промовираа младинското учество во различни процеси, фокусирајќи се на целите за одржлив развој (ЦОР). Преку соработка со владите и институциите и во потрага по долготрајни решенија на конфликтите и предизвиците со безбедноста, целите за одржлив развој се насочени кон значително намалување на сите форми на насилство.

Дводневна конференција „Млади, мир и безбедност“ има за цел да ги зголеми практичните знаења и вештини на 20 млади од Македонија во областа на ЦОР и иницијативите за градење на мир.

 

Дата и место
Конференцијата ќе се одржи на 5 и 6 октомври 2017, во Скопје.

Кој може да се пријави?

Секој млад активист кој е заинтересиран за промоција на глобални вредности, подобрено знаење за развојни политики, ООН, младинско учество во иницијативи за мир и безбедност.

 

Како и до кога е пријавувањето?

Пријавувањето е  на следниов линк , наjдоцна до четврток на полноќ (28ми септември 2017, 23:59).
Избраните учесници ќе бидат известени на 29ти септември 2017.

 

За учесниците кои доаѓаат надвор од Скопје трошоците за автобуски превоз, сместување и храна ќе бидат покриени од страна на организаторот.

Архива

March 2019
M T W T F S S
« Dec    
 123
45678910
11121314151617
18192021222324
25262728293031

Post-2015

There are no upcoming events at this time.

Вести

Работилница „Цели за одржлив развој и млади“

Работилница „Цели за одржлив р

Во организација на мрежата на младински организации Y-PEER Македонија, со поддршка од канц
Punëtori për Objektivat për zhvillim të qëndrueshëm dhe rin

Punëtori për Objektivat për zh

Y-PEER Maqedoni shpall thirrje për regjistrimin e 17 të rinjve të cilët do të marrin pjesë
Повик: Работилница за Цели за одржлив развој и млади

Повик: Работилница за Цели за

Y-PEER Македонија објавува повик за пријава на 17 млади кои ќе учествуваат на еднодневен н
Повик за млади стажирање во Y-PEER ПЕТРИ

Повик за млади стажирање во Y-

Младинската мрежа Y-PEER Македонија по покана на Y-PEER интернационалниот институт за млад
Меѓународна конференција за население и развој - ICPD

Меѓународна конференција за на

Во период од 29-ти септември до 2-ри октомври во Женева – Швајцарија, по повод 25-годишнин

Оваа веб страница е изготвена со поддршка од Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) во рамките на под-регионалната кампања „ Youth Voices” која во Македонија се имплементира под името „Идеите ги споделувам гласно“. Мислењата и ставовите искажани на оваа веб страница не ги претставуваат мислењата и ставовите на донаторите или други придружни организации.