Мени

Повик за учесници на младинска размена “Youth for SDGs & SDGs for Youth”- Бугарија

Oбјавено на: 23.09.2019

Ако си на возраст од 17-27 години и сакаш да научиш нешто повеќе за целите за одржлив развој, но и да ги споделеш сопствените идеи за Агендата 2030, младинската размена  “Youth for SDGs & SDGs for Youth” е одлично место за тебе!

Младинската размена “Youth for SDGs & SDGs for Youth” како дел ЕРАЗМУС+ проектот, ќе биде одржана во местото Стара планина, Софија – Бугарија, во организација на Интернационалната фондација за развој на Y-PEER .

 

Младинската размена има за цел да собере на едно место млади, младински работници и активисти со цел да ја прошири дискусијата за Целите за одржлив развој(ЦОР). Во текот на целата размена, преку неформалнен пристап и користење на врсничката едукација, учесниците ќе имаат можност да дискутираат за ЦОР, Човековите права преку призмата на целите, Агендата 2030, како и да учествуваат во градење на заедничка слика за претставување на младите во Целите за одржлив развој.

На размената ќе присуствуваат млади од Бугарија, Грузија, Португалија, Италија и Северна Македонија.

Датумите за размената се :

  • Пристигнување на 20ти октомври
  • Заминување на 28ми октомври

Очекувано е учесниците да присуствуваат во сите денови од размента. Сместувањето ќе биде во “Creative House Petrohan“ близу Софија. 

Трошоци за сместување и храна се покриени од страна на организаторот во целост додека трошоците за патување ќе бидат покриени по тренингот во висина од 155 евра, со обезбеден превоз од страна на организаторите од  центарот на Софија до местото каде што ќе се одвива размента.

***Селектираните учесници потребно е да ја подмират сумата од 1000 денари за партиципација на размената. Предност при селекција на учесници на размената ќе имаат членовите и волонтерите на организациите кои членуваат во младинската мрежа Y-PEER и истите подмируваат 50% од висината на партиципација.

Доколку си заинтересиран/а, можеш да аплицираш со пополнување на следниот формулар, најдоцна до 27ми септември, 20:00 часот.

Доколку имате дополнителни прашања, слободно контактирајте не’ на youthpeermacedonia@gmail.com

Архива

April 2020
M T W T F S S
« Mar    
 12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
27282930  

Вести

Младински форум - Доброволен национален преглед (VNR)

Младински форум – Доброволен н

На 6 март 2020 година во Скопје, Y-PEER во соработка со Владата на Република Северна Маке
Работилници за Цели за одржлив развој и ICPD

Работилници за Цели за одржлив

Во декември 2019 во организација на Y-PEER, со поддршка од канцеларијата на УНФПА во Скоп
Повик: Работилница за Цели за одржлив развој и нивната иднина

Повик: Работилница за Цели за

Y-PEER Македонија објавува повик за пријава на 15 млади кои ќе учествуваат на еднодневен
Y-PEER на ICPD25 - Самит во Најроби

Y-PEER на ICPD25 – Самит во На

Oд 12 до 14 ноември 2019 година во Најроби – Кенија, се одржа ICPD25 глобалниот самит, в
Младински модел - ICPD

Младински модел – ICPD

Во пресрет на Глобалниот ICPD самит во Најроби во период од 16-17 октомври, во Каиро, Ег