ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА ОБУКА ЗА ВРСНИЧКИ ЕДУКАТОРИ

ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА ОБУКА ЗА ВРСНИЧКИ ЕДУКАТОРИ
Младинската мрежа Y-PEER Македонија во рамките на своите активности објавува повик за врснички едукаторки и едукатори.
Обуката е тридневна и опфаќа теоретско запознавање со седумте компоненти на Сеопфатно сексуално образование: род, сексуално и репродуктивно здравје, граѓански аспекти, задоволство, насилство, врски и односи и различност, како и практична примена на знаењата стекнати за време на обуката во период од 4 недели по завршување на истата.
Обуката ќе се одржи oд 20-22 Мај во Охрид.
Ги покануваме сите млади кои се:
- на возраст од 18 до 24 години;
- мотивирани да водат работилници за едукација на врсници;
- имаат желба да станат едукатори за сексуално и репродуктивно здравје и права;
- сакаат да работат во тим, знаат да исполнуваат задачи навреме.
Предност е доколку апликантите се:
- активисти;
- имаат волонтерско искуство во организации кои работат во полето на човековите права.
Заинтересираните најдоцна до 13-ти мај 2016 (23:59 часот), треба да пополнат:
- Апликација за учество на тренингот;
- Кратка биографија CV.
Трошоците за обуката како сместување, превоз и храна се покриени од организаторот.
Бројот на учесници е ограничен, а предност при селекција на учесниците ќе имаат апликантите кои доаѓаат од организациите членки на младинската мрежа Y-PEER Македонија.
Документите со назнака/предмет повик за обука на врснички едукатори можете да ги доставите по електронска пошта: youthpeermacedonia@gmail.com
Ви благодариме за учеството!
Архива
M | T | W | T | F | S | S |
---|---|---|---|---|---|---|
« Mar | ||||||
1 | ||||||
2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 |
9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 |
16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 |
23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 |
30 |
Post-2015
There are no upcoming events at this time.
Вести