Мени

Прес конференција за завршетокот на кампањата “Идеите ги споделувам гласно”

Oбјавено на: 13.10.2015
5

На ден 08.10.2015год. (четврток) во просториите на Brooklyn Lounge Bar- Central во присутство на претставници на медиумите, Y-PEER Македонија организираше прес конференција, на која беа презентирани сите активности од кампањата “Идеите ги споделувам гласно”.

Кампањата “Идеите ги споделувам гласно” е дел од регионалната кампања “Младински глас- Иднината која ја посакувам во Источна Европа и Централна Азија” која го застапува гласот на младите во развојната агенда на Обединетите Нации и го поттикнува младинското учество и вклучување на младите во донесувањето на одлуки на сите нивоа.

Овој проект се одвиваше во две фази во периодот од октомври 2014 до октомври 2015. Беа спроведени различни активности меѓу кои: едукативни претстави со театар на сенки, средби со младински активисти, претставници од институции и подмладоци на политичките партии, одбележување на Светскиот ден на млади, избор на најдобро дизајнирана младинска разгледница и ред други настани осмислени и реализирани од младите, поврзани со младинското учество и развојната агенда на Обединетите Нации.

Како краен продукт од сите овие активности се изработи документот “Младинските препораки пост-15”, поддржани од 47 организации и ентитети кои работат за и со млади. Препораките беа предадени на претставник од Министерството за надворешни работи на РМ и понатаму врачени на македонската делегација која присутствуваше на Генералното Собрание на Обединетите Нации.

Преку хаштагот #ијасимамцел ги повикавме сите млади да се вклучат во националната дискусија и на социјалните мрежи, и да се придружат во застапувањето на младинските итнтереси, права и потреби. Следниот предизвик за процесот по 2015-та година е да се оди подалеку од создавањето на простор за учество за младите- да се осигура дека заложбите на младите ќе се рефлектираат во крајните резултати. Разговорот со и помеѓу младите за пост-2015 не може, и нема да запре тука. Ова мора да биде само крај на почетокот.

Следните чекори на Y-PPER се поврзани со понатамошното застапување на младите и нивното учество во, пред се, националните процеси.  Ќе го следиме  дефинирањето на индикаторите преку кои ќе се оценува и набљудува имплементацијата на целите. Секоја земја мора да ги приспособи глобалните таргети на својот национален контекст, да постави свои цели кои се дефинирани од локалните приоритети и околности. Ова е потребно да се направи за да се осигура делување позади ветувањата, да се осигура дека таргетите кон кои се обврзуваме се релеватни на локално ниво и дека истите се надоврзуваат на реалните потреби. Во таа насока, ние сме тука да ги застапуваме изработените младински препораки од кои произлегоа три приоритетни области за младите од Македонија: квалитетно образование, подобри можности за вработување и квалитетно образование.

По завршувањето на прес конференцијата, следуваше коктел со кој се прослави завршетокот на оваа кампања на кој присутствуваа партнерите, соработниците на Y-PEER и младите кои беа дел од сите досегашни активности.

Архива

December 2017
M T W T F S S
« Oct    
 123
45678910
11121314151617
18192021222324
25262728293031

Post-2015

There are no upcoming events at this time.

Вести

Конференција „Млади,мир и безбедност“

Конференција „Млади,мир и безб

Младите како активни чинители во процесите на градење мир
Младинската мрежа Y-PEER Mакедо
ПОВИК ЗА СТАЖИРАЊЕ

ПОВИК ЗА СТАЖИРАЊЕ

Младинската мрежа Y-PEER Македонија по покана на Y-PEER интернационалниот институт за млад
Повик за конференција „Млади, мир и безбедност“

Повик за конференција „Млади,

МЛАДИНСКАТА МРЕЖА Y-PEER МАКЕДОНИЈА И
ЗДРУЖЕНИЕ ЗА СОЦИЈАЛНИ ИНОВАЦИИ „АРНО“
 
ОБЈАВУВА
Работилница за млади „Зголемување на младинското учество во процесите на донесување одлуки и соработка со институции“

Работилница за млади „Зголемув

Во организација на мрежата на младински организации Y-PEER Македонија, во соработка со Орг
ПОВИК ЗА ФАСИЛИТАТОРИ

ПОВИК ЗА ФАСИЛИТАТОРИ

МЛАДИНСКАТА МРЕЖА Y-PEER МАКЕДОНИЈА И
ЗДРУЖЕНИЕ ЗА СОЦИЈАЛНИ ИНОВАЦИИ „АРНО“
 
ОБЈАВУВА

Оваа веб страница е изготвена со поддршка од Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) во рамките на под-регионалната кампања „ Youth Voices” која во Македонија се имплементира под името „Идеите ги споделувам гласно“. Мислењата и ставовите искажани на оваа веб страница не ги претставуваат мислењата и ставовите на донаторите или други придружни организации.