Мени

Работилница „Млади и сексулано и репродуктивно здравје и права“

Oбјавено на: 04.07.2018
Workshop Y-PEER WPD 2018

Во организација на мрежата на младински организации Y-PEER, со поддршка од канцеларијата на УНФПА во Скопје, вчера ,3-ти Јули во Скопје се оддржа еднодневна интерактивна работилница насловена како „Млади и сексулано и репродуктивно здравје и права“. Оваа работилница го означи почетокот на Кампањата по повод Светскиот ден на населението 2018 година, во организација на УНФПА во Скопје.

Учество во оваа работилница земаа млади, преставници од организации кои работат со млади: ЦМА КРИК, Младите Можат, ХЕРА, АИЕСЕК и ВЦС.

Преку оваа работилницата младите имаа можност да ги прошират своите знаења и капацитети во областа на сексуално и репродуктивно здравје и права (СРЗП) фокусирајќи се на како овогодинешна тема на кампањата по повод Светскиот ден на населението. Младите имаа можност да дискутираат за сексуалното и репродуктивно здравје и права, да ги прошират своите знаења за темите кои ги опфаќаат човековите права и да се информирааат за тековните процеси во рамки на развојната агенда на Обединетите Нации поврзани со СРЗП, Целите за одржлив развој и можностите за вклучување на младите.

Пристапот до безбедно и доброволно планирање на семејството е човеково право, има централно место во јакнење на родовата еднаквост и е клучен фактор за намалување на сиромаштијата. Меѓународната конференција за човекови права на Обединетите нации пред 50 години го прогласи планирањето на семејството за човеково право, за да денес е широко прифатено како основа за бројни права.

Од 1968 година, голем број на договори и конвенции, важни за репродуктивното здравје и права, ги реафирмираа овие човекови права. Меѓу нив се и Конвенцијата за елиминација на сите форми на дискриминација против жените од 1979 година, а од поново време, Самитот за одржлив развој од 2015 година, кога светските лидери се согласија дека во рамки на Развојната цел 3, до 2030 година ќе обезбедат “универзален пристап до сексуалните и репродуктивни здравствени услуги, вклучувајќи ги планирањето на семејството, информацијата и едукацијата“.

Оттаму, правото на планирање на семејството вклучува уживање и на други права како што се правото на здравје, вработување и на образование. Обезбедувањето на универзален пристап до здравствени услуги за репродуктивното здравје, вклучително и планирање на семејството, го забрзува развојот на државата кон намалување на сиромаштијата и остварување на глобалните развојни цели.

 

Архива

December 2018
M T W T F S S
« Nov    
 12
3456789
10111213141516
17181920212223
24252627282930
31  

Post-2015

There are no upcoming events at this time.

Вести

Работилница „Цели за одржлив развој и млади“

Работилница „Цели за одржлив р

Во организација на мрежата на младински организации Y-PEER Македонија, со поддршка од канц
Punëtori për Objektivat për zhvillim të qëndrueshëm dhe rin

Punëtori për Objektivat për zh

Y-PEER Maqedoni shpall thirrje për regjistrimin e 17 të rinjve të cilët do të marrin pjesë
Повик: Работилница за Цели за одржлив развој и млади

Повик: Работилница за Цели за

Y-PEER Македонија објавува повик за пријава на 17 млади кои ќе учествуваат на еднодневен н
Повик за млади стажирање во Y-PEER ПЕТРИ

Повик за млади стажирање во Y-

Младинската мрежа Y-PEER Македонија по покана на Y-PEER интернационалниот институт за млад
Меѓународна конференција за население и развој - ICPD

Меѓународна конференција за на

Во период од 29-ти септември до 2-ри октомври во Женева – Швајцарија, по повод 25-годишнин

Оваа веб страница е изготвена со поддршка од Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) во рамките на под-регионалната кампања „ Youth Voices” која во Македонија се имплементира под името „Идеите ги споделувам гласно“. Мислењата и ставовите искажани на оваа веб страница не ги претставуваат мислењата и ставовите на донаторите или други придружни организации.