Мени

Работилница за целите за одржлив развој

Oбјавено на: 13.10.2015
45

На ден 08.10.2015год. (четврток) во просториите на  регионалната канцеларија на Фондот за население на Обединетите Нации УНФПА Y-PEER Македонија  одржа работилница за целите за одржлив развој наменета за сите млади заинтересирани за оваа тема. Од повеќе од 60-тина пристигнати апликации беа избрани 18 млади луѓе кои учествуваа на работилницата.

Цел на работилницата беше да се запознаат младите со Одржливите развојни цели  кои беа изгласани на 70-тото Генерално собрание на Обединетите Нации,цели кои ќе го диктираат напредокот на светот во наредните неколку декади, како и нивната улога во лобирањето и спроведувањето на истите.

Првично беше претставен проектот “Идеите ги споделувам гласно”, како дел од регионалната кампања “Младински глас- Иднината која ја посакувам во Источна Европа и Централна Азија” која го застапува гласот на младите во развојната агенда на Обединетите нации и го поттикнува младинското учество и вклучување на младите во донесувањето на одлуки на сите нивоа.  Потоа преку интерактивни вежби младите се запознаа подетално со секоја од 17-те одржливи цели, со примери за истите, а воедно го искажаа своето мислење за можните начини на постигнување на тие цели.

Како завршна активност на работилницата  беше направена фотосесија на младите. Фотографиите може да ги погледнете во галеријата подолу.

Архива

February 2018
M T W T F S S
« Dec    
 1234
567891011
12131415161718
19202122232425
262728  

Post-2015

There are no upcoming events at this time.

Вести

Работилница за млади „THE GENDER PERSPECTIVE ON THE ISSUES ON SEXUAL AND REPRODUCTIVE HEALTH“

Работилница за млади „THE GEND

Во организација на мрежата на младински организации Y-PEER Македонија, со поддршка од канц
Kонсултативна средба „Воведување на формално сеопфатно сексуално образование во Република Македонија: предизвици и можности“

Kонсултативна средба „Воведува

Во организација на мрежата на младински организации Y-PEER Македонија, во соработка со Орг
Конференција „Млади,мир и безбедност“

Конференција „Млади,мир и безб

Младите како активни чинители во процесите на градење мир
Младинската мрежа Y-PEER Mакедо
ПОВИК ЗА СТАЖИРАЊЕ

ПОВИК ЗА СТАЖИРАЊЕ

Младинската мрежа Y-PEER Македонија по покана на Y-PEER интернационалниот институт за млад
Повик за конференција „Млади, мир и безбедност“

Повик за конференција „Млади,

МЛАДИНСКАТА МРЕЖА Y-PEER МАКЕДОНИЈА И
ЗДРУЖЕНИЕ ЗА СОЦИЈАЛНИ ИНОВАЦИИ „АРНО“
 
ОБЈАВУВА

Оваа веб страница е изготвена со поддршка од Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) во рамките на под-регионалната кампања „ Youth Voices” која во Македонија се имплементира под името „Идеите ги споделувам гласно“. Мислењата и ставовите искажани на оваа веб страница не ги претставуваат мислењата и ставовите на донаторите или други придружни организации.