Мени

Повик: Работилница за Цели за одржлив развој и млади

Oбјавено на: 29.11.2018
COR_MK

Y-PEER Македонија објавува повик за пријава на 17 млади кои ќе учествуваат на еднодневен настан – интерактивна работилница за Цели за одржлив развој (ЦОР) и младите луѓе. Работилницата ќе се оддржи во петок (7ми декември) , во периодот од 11:00-14:00 часот во Скопје.

 

Работилницата е наменета за млади кои сакаат да го зголемат своето познавање за Агендата 2030 на Обединетите нации, Целите за одржлив развој (SDGs – Sustainable Development Goals) и младинските програми поврзани со истите, да дознаат што се работи на оваа тематика на глобално ниво и да понудат сопствени размислувања во однос на младинската вклученост во процесите поврзани со SDGs и Youth2030 Агендата на национално и глобално ниво.

 

Кој може да се пријави?
Секој млад активист кој е заинтересиран за промоција на глобални вредности, подобрено знаење за развојни политики, одржлив развој, ООН, младинско учество во младинската агенда Youth2030.

 

Каде и до кога е пријавувањето?

Пријавувањето е на следната форма, најдоцна до 5ти декември (среда) до полноќ.

 

Избраните учесници ќе бидат известени во четврток (6ти декември 2018).

 

Архива

October 2019
M T W T F S S
« Sep    
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
28293031  

Post-2015

There are no upcoming events at this time.

Вести

Повик за учесници на младинска размена “Youth for SDGs & SDGs for Youth”- Бугарија

Повик за учесници на младинска

Ако си на возраст од 17-27 години и сакаш да научиш нешто повеќе за целите за одржлив разв
Mладинска порака – Ден на млади

Mладинска порака – Ден на млад

12-ти август, 2019 (Скопје) – Денес се одбележува светскиот ден на младите под мотото „Тра
Работна средба на Y-PEER

Работна средба на Y-PEER

Во насока на планирање на следни активности на Y-PEER во државата, на 11 април 2019 година
Punëtori për Objektivat për zhvillim të qëndrueshëm dhe rin

Punëtori për Objektivat për zh

Y-PEER Maqedoni shpall thirrje për regjistrimin e 17 të rinjve të cilët do të marrin pjesë
Повик за млади стажирање во Y-PEER ПЕТРИ

Повик за млади стажирање во Y-

Младинската мрежа Y-PEER Македонија по покана на Y-PEER интернационалниот институт за млад

my site my site my site
Оваа веб страница е изготвена со поддршка од Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) во рамките на под-регионалната кампања „ Youth Voices” која во Македонија се имплементира под името „Идеите ги споделувам гласно“. Мислењата и ставовите искажани на оваа веб страница не ги претставуваат мислењата и ставовите на донаторите или други придружни организации.