Мени

Работилница за млади „THE GENDER PERSPECTIVE ON THE ISSUES ON SEXUAL AND REPRODUCTIVE HEALTH“

Oбјавено на: 16.12.2017
DSC_0620

Во организација на мрежата на младински организации Y-PEER Македонија, со поддршка од канцеларијата на УНФПА во Скопје, на 14-ти и 15-ти Декември во Скопје се оддржа дво дневната работилница насловена како „THE GENDER PERSPECTIVE ON THE ISSUES ON SEXUAL AND REPRODUCTIVE HEALTH“. Учество во оваа работилница земаа 17 млади, преставници од организации кои работат со млади: КРИК, Младите Можат, Црвен Крст, Родова перспектива, ХЕРА, АРНО, Волонтерски центар – Скопје и Хуманост.

Преку оваа работилницата младите имаа можност да ги прошират своите знаења и капацитети во областа на „Род“ и интеграцијата на родовата компонента во глобалните и национални процеси.
На оваа работилница гости предавачи беа: Постојаниот координатор на Обединетите нации во Македонија г-а Луиза Винтон, Ирена Цветковиќ – Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“, Љупка Трајановска – Националната Мрежа Против Насилство врз Жените и Семејното Насилство и Ирина Јаневска – Здружение за социјални иновации „АРНО“.

Младите имаа можност да дискутираат за родовата компонента, да ги прошират своите знаења за темата „род“ и да се информирааат за тековните процеси во рамки на развојната агенда на Обединетите Нации поврзани со родова рамноправност, Целите за одржлив развој (ЦОР) и можностите за вклучување на младите.
Постојаниот координатор на Обединетите нации во Македонија г-а Луиза Винтон даде краток осврт во однос на глобалните процеси и локализирање на Агендата 2030 во Македонија посочувајќи „..целите се универзални што значи дека се однесуваат на сите луѓе во светот и се поврзани во еден систем. Предизвикот  кој е пред нас е навистина голем и наша задача е сите да допринесеме за да ги исполниме.“

„За Обединетите нации младите не се само целна група. Тие се и наши партнери. Младите одлично ги познаваат новите информациски технологии. Имаат вештини и знаења со кои заедно креираме оптимални решенија кои ни помагаат во имплементацијата“ – посочи г-а Винтон.

Во текот на работилницата преку сесијата за прашања и одговори младите имаа можност да се информираат за глобалните процеси поврзани со ЦОР, имплементацијата на глобално и локално ниво, како и интеграцијата на родовата компонента во рамки националната рамка за имплементација на 2030 агендата во Македонија.

Архива

May 2018
M T W T F S S
« Mar    
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
28293031  

Post-2015

There are no upcoming events at this time.

Вести

ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА Y-PEER PETRI - Sofia Annual School

ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА Y-PEER PET

Младинската мрежа Y-PEER Македонија по покана на Интернационалниот институт за младински р
Kонсултативна средба „Воведување на формално сеопфатно сексуално образование во Република Македонија: предизвици и можности“

Kонсултативна средба „Воведува

Во организација на мрежата на младински организации Y-PEER Македонија, во соработка со Орг
Конференција „Млади,мир и безбедност“

Конференција „Млади,мир и безб

Младите како активни чинители во процесите на градење мир
Младинската мрежа Y-PEER Mакедо
ПОВИК ЗА СТАЖИРАЊЕ

ПОВИК ЗА СТАЖИРАЊЕ

Младинската мрежа Y-PEER Македонија по покана на Y-PEER интернационалниот институт за млад
Повик за конференција „Млади, мир и безбедност“

Повик за конференција „Млади,

МЛАДИНСКАТА МРЕЖА Y-PEER МАКЕДОНИЈА И
ЗДРУЖЕНИЕ ЗА СОЦИЈАЛНИ ИНОВАЦИИ „АРНО“
 
ОБЈАВУВА

Оваа веб страница е изготвена со поддршка од Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) во рамките на под-регионалната кампања „ Youth Voices” која во Македонија се имплементира под името „Идеите ги споделувам гласно“. Мислењата и ставовите искажани на оваа веб страница не ги претставуваат мислењата и ставовите на донаторите или други придружни организации.