Воведување на ССО

Мрежата на младински организации Y-PEER Македонија, во соработка со Организацијата за социјални иновации „АРНО“ и со поддршка на канцеларијата на УНФПА во Скопје го водеа процесот за изработка на ситуациона анализа „Воведување на формално сеопфатно сексуално образование во Република Македонија: предизвици и можности“.
За потребите на процесот беа ангажирани национални консултанти кои имаа задача да изработат препораки за утврдување на најсоодветниот модалитет за сеопфатно образование за СРЗ во училиштата, кој ќе одговара на возраста. Истражувањето беше предвидено да даде анализа на состојбата со воведување на сеопфатно сексуално образование – ССО во училиштата. Процесот предвидуваше консултантите да спроведат секундарно прибирање на податоци (desk research) кое ќе вклучува анализа на постоечки податоци и информации поврзани со процесите на воведување на ССО во Македонија. Дополнително, од консултантите се очекуваше да ги мапираат и посетат организациите и институциите кои работат на полето на сексуално образование и да спроведат интервјуа кои ќе им обезбедат релевантни податоци од интервјуираните лица.
На средбата која се одржа на 06.12.2017 (среда), во Скопје се спроведоа финални консултации со сите заинтересирани страни, со цел финализирање на документот и публикување на истиот. Добиените информации и сугестии за време на средбата беа земени предвид во подготовката на финалната верзија на ситуационата анализа.
Овде можете да ја преземете финалната верзија од документот.