Мени

Y-PEER Македонија дел од настанот за промоција на „Извештајот за состојбите со населението-2015“

Oбјавено на: 04.12.2015
Насловна фотографија

На 3-ти декември 2015, во просториите на КИЦ-Скопје ,во организација на Канцеларијата на Фондот за население на Обединетите Нации во Скопје, се оддржа настанот за промоција на извештајот „Состојби на светското население – 2015“ насловен како „Засолниште од невреме“. Настанот го модерираа нашите Y-PEER-ци: Ирина Јаневска и Кристијан Ангелески.

Состојбите на населението 2015

Тимот на Y-PEER Македонија

На самиот почеток од настанот Кристијан Ангелески (Y-PEER Македонија) изјави: „ Како граѓански активисти ние сме долго време дел од мрежата на граѓански организации Y-PEER каде работиме на промоција на сексуалното и репродуктивно здравје и права на младите луѓе  и се посветуваме  на застапување на младинските интереси.  Загрижени сме за нашите врсници од светот кои се наоѓаат во незавидна ситуација.“

По него се обрати Ирина Јаневска ( Y-PEER Македонија) :  Во 2015 година над 100 милиони луѓе имаа потреба од хуманитарна помош, од нив речиси една четвртина се жени и адолесценти девојчиња. Како млади луѓе ние се залагаме да се овозможат засолништа за милионите жени, девојки и девојчиња на кои им е потребна помош и силна поддршка за пребродувањето на невремето кои го загрозува нивното здравје, права и иднина. Како млади луѓе кои работаt на промоција на СРЗП сметаме дека хуманитарните одговори треба да одат подалеку од обезбедувањето на храна и засолниште.  Како млади луѓе ние целосно ја поддржуваме мисијата на УНФПА во градењето подобри засолништа во вакво загрижувачко „време на невреме“.“

Фотографијата на Наке Батев- насловна страница на извештајот

На самиот настан присутните имаа шанса да чујат повеќе за извештајот „Состојби на светското население – 2015“ и напорите кои се инвестираат во обезбедување на хуманитарна помош, од говорниците: г-а Луиза Винтон-постојниот преставник на ООН во Македонија и г-н Владо Кочубовски- претставник од Министерството за здравство. На овој настан свое обраќање имаше и фотографот г-н Лазар Начоски кој кажа збор-два за делата на младиот и успешен фотограф Наке Батев, чија фотографија се наоѓа на насловната страница на извештајот. Инаку, фотографот Наќе Батев во август годинава работеше заедно со претставниците на УНФПА во Гевгелија и фотографиите можеа да се погледнат на вчерашниот настан, како и на изложбата која ќе биде поставена во КИЦ-Скопје.

Архива

February 2018
M T W T F S S
« Dec    
 1234
567891011
12131415161718
19202122232425
262728  

Post-2015

There are no upcoming events at this time.

Вести

Работилница за млади „THE GENDER PERSPECTIVE ON THE ISSUES ON SEXUAL AND REPRODUCTIVE HEALTH“

Работилница за млади „THE GEND

Во организација на мрежата на младински организации Y-PEER Македонија, со поддршка од канц
Kонсултативна средба „Воведување на формално сеопфатно сексуално образование во Република Македонија: предизвици и можности“

Kонсултативна средба „Воведува

Во организација на мрежата на младински организации Y-PEER Македонија, во соработка со Орг
Конференција „Млади,мир и безбедност“

Конференција „Млади,мир и безб

Младите како активни чинители во процесите на градење мир
Младинската мрежа Y-PEER Mакедо
ПОВИК ЗА СТАЖИРАЊЕ

ПОВИК ЗА СТАЖИРАЊЕ

Младинската мрежа Y-PEER Македонија по покана на Y-PEER интернационалниот институт за млад
Повик за конференција „Млади, мир и безбедност“

Повик за конференција „Млади,

МЛАДИНСКАТА МРЕЖА Y-PEER МАКЕДОНИЈА И
ЗДРУЖЕНИЕ ЗА СОЦИЈАЛНИ ИНОВАЦИИ „АРНО“
 
ОБЈАВУВА

Оваа веб страница е изготвена со поддршка од Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) во рамките на под-регионалната кампања „ Youth Voices” која во Македонија се имплементира под името „Идеите ги споделувам гласно“. Мислењата и ставовите искажани на оваа веб страница не ги претставуваат мислењата и ставовите на донаторите или други придружни организации.