Мени

Y-PEER на ICPD25 – Самит во Најроби

Oбјавено на: 17.11.2019

Oд 12 до 14 ноември 2019 година во Најроби – Кенија, се одржа ICPD25 глобалниот самит, во организација на УНФПА, Владата на Данска и Владата на Кенија. 

Учество земаа над 9500 делегати од целиот свет и се заложија за завршување на агендата на Акциската програма на ICPD.  Делегацијата на Република Северна Македонија,  поддржана од УНФПА, учествуваше на Самитот каде ги презентираше и силно ја зајакна посветеноста на државата кон Целите на ICPD и Агендата 2030. 

Во рамки на Самитот, делегатите имаа можност да учествуваат во дискусии, отворени панели и презентации, вклучувајќи ги и активностите кои произлегуваат од младите. Во организација на Y-PEER, за време на самитот се случуваше и панел дискусија на тема „Значајно младинско учество“  модерирана од Кристијан Ангелески од тимот на Y-PEER.  Во рамки на дискусијата се зборуваше што може да се направи за да се унапреди учеството на младите во процесите на донесување одлуки и што е она што поинаку треба да се прави со цел да се осигураме дека никој нема да е изоставен. 

За време на самитот, беа презентирани 14 заложби на државата коишто се од различни приоритетни области и се донесени со широк консултативен процес на засегнатите страни. 

Самитот заврши со силни заложби од страна на 170 држави и партнерите со цел да го трансформираат светот преку ставање крај на мајчината смртност, незадоволената потреба за планирање на семејството и родово-базираното насилство и штетните пракси против жените и девојчињата до 2030 година.  

Во име на Y-PEER во рамки на ICPD25 глобалниот самит учествуваше Кристијан Ангелески. 

*** Погледнете го промотивното младинско видео за ICPD25 со клик тука ***

Архива

April 2020
M T W T F S S
« Mar    
 12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
27282930  

Вести

Младински форум - Доброволен национален преглед (VNR)

Младински форум – Доброволен н

На 6 март 2020 година во Скопје, Y-PEER во соработка со Владата на Република Северна Маке
Работилници за Цели за одржлив развој и ICPD

Работилници за Цели за одржлив

Во декември 2019 во организација на Y-PEER, со поддршка од канцеларијата на УНФПА во Скоп
Повик: Работилница за Цели за одржлив развој и нивната иднина

Повик: Работилница за Цели за

Y-PEER Македонија објавува повик за пријава на 15 млади кои ќе учествуваат на еднодневен
Младински модел - ICPD

Младински модел – ICPD

Во пресрет на Глобалниот ICPD самит во Најроби во период од 16-17 октомври, во Каиро, Ег
Повик за учесници на младинска размена “Youth for SDGs & SDGs for Youth”- Бугарија

Повик за учесници на младинска

Ако си на возраст од 17-27 години и сакаш да научиш нешто повеќе за целите за одржлив разв