Мени

Y-PEER

Y-PEER

Y-PEER е глобална младинска мрежа на организации и институции поддржана од Фондот за население на Обединети Нации (УНФПА), која работи за и со млади луѓе во насока на заштита на нивното здравје. Во неа се вклучени повеќе од 700 граѓански организации и институции во повеќе од 50 земји од регионите на Југоисточна Европа, Азија и Пацифик, Северна Африка и Арапските земји, Централна Африка и Јужна Америка. y-p

Во Mакедонија Y-PEER мрежата постои од 2002 година, и делува во насока на подобрување на сексуалното и репродуктивното здравје на младите и застапување на нивните права. Своите активности мрежата ги спроведува користејќи го пристапот на врсничка едукација, постојано работејќи на подобрување на стандардите и квалитетот на истата. Врсничка едукација е процес при кој добро тренирани и мотивирани млади луѓе преземаат одговорност да организираат едукативни активности со нивните врсници (peers) со што помагаат во подобрување на знаењето, однесувањето, убедувањата, и вештините и ги оспособуваат да бидат одговорни и да носат информирани одлуки во живот.


МИСИЈА: Унапредување на сексуалното и репродуктивното здравје на младите преку врсничка едукација и застапување на младинските права, со цел градење простор за значајно младинско учество во процесот на носење одлуки.

ВИЗИЈА: Преку едукативни активности со млади и нивните врсници, да помогне во подобрувањето на знаењето, однесувањето, убедувањата, и вештините и во оспособувањето на младите да бидат одговорни и да носат информирани одлуки во однос на нивното сексуално и репродуктивно здравје и права.


Покрај главниот фокус -делување преку врсничка едукација, Y-PEER во земјата е посветена и на застапување на младинските интереси и градење простор за значајно младинско учествуво во процесите на носење одлуки. Y-PEER Македонија придонесува во мобилизирањето и градењето капацитети за застапување на младинските приоритети поврзани со развојната агенда на Обединетите Нации. Целта на мрежата е да осигура дека прашањата кои се поврзани со младите  се препознаени во понатамошната развојна агенда, што пак е возможно само со значајно младинско учество.

candlelight memorial 02

 Амбасадор на младинската мрежа во Македонија, но и во светот, е нашата поп звезда Дани Димитровска.

Архива

December 2017
M T W T F S S
« Oct    
 123
45678910
11121314151617
18192021222324
25262728293031

Post-2015

There are no upcoming events at this time.

Вести

Конференција „Млади,мир и безбедност“

Конференција „Млади,мир и безб

Младите како активни чинители во процесите на градење мир
Младинската мрежа Y-PEER Mакедо
ПОВИК ЗА СТАЖИРАЊЕ

ПОВИК ЗА СТАЖИРАЊЕ

Младинската мрежа Y-PEER Македонија по покана на Y-PEER интернационалниот институт за млад
Повик за конференција „Млади, мир и безбедност“

Повик за конференција „Млади,

МЛАДИНСКАТА МРЕЖА Y-PEER МАКЕДОНИЈА И
ЗДРУЖЕНИЕ ЗА СОЦИЈАЛНИ ИНОВАЦИИ „АРНО“
 
ОБЈАВУВА
Работилница за млади „Зголемување на младинското учество во процесите на донесување одлуки и соработка со институции“

Работилница за млади „Зголемув

Во организација на мрежата на младински организации Y-PEER Македонија, во соработка со Орг
ПОВИК ЗА ФАСИЛИТАТОРИ

ПОВИК ЗА ФАСИЛИТАТОРИ

МЛАДИНСКАТА МРЕЖА Y-PEER МАКЕДОНИЈА И
ЗДРУЖЕНИЕ ЗА СОЦИЈАЛНИ ИНОВАЦИИ „АРНО“
 
ОБЈАВУВА

Оваа веб страница е изготвена со поддршка од Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) во рамките на под-регионалната кампања „ Youth Voices” која во Македонија се имплементира под името „Идеите ги споделувам гласно“. Мислењата и ставовите искажани на оваа веб страница не ги претставуваат мислењата и ставовите на донаторите или други придружни организации.