Мени

Гласот на младите пренесен на политичкиот форум на високо ниво на Обединетите нации

Oбјавено на: 22.07.2020

Оваа година на Политичкиот форум на високо ниво на Обединетите нации (High Level Political Forum – HLPF), младите од Република Северна Македонија имаа можност да го споделат својот глас и визија за каква иднина посакуваат до 2030 година. 

___    

Мотото на овогодинешниот Политички форум на високо ниво на Обединетите нации беше „Забрзана акција и трансформативни патишта: реализирање на декадата на акција и испорака за одржлив развој. Делегацијата на Република Северна Македонија, учествуваше на виртуелниот политички форум каде го презентираше Доброволниот национален преглед (Voluntary National Review – VNR) кој за прв пат го изработи државата со вклучување на различни засегнати страни. 

___  

Во името на тимот на Y-PEER и во името на младите, во делегацијата зема учество Кристина Ангелевска која изјави:
„Ми претставува особена чест и задоволство да зборувам во име на младинската мрежа Y-PEER и сите оние предизвици на коишто младинската мрежа има работено за и со младите во нашата земја. Во изминатиот временски период помеѓу од 2014 до 2020 година она што е исклучително важно да се напомене е колку на инклузивен начин младите учествувале во различни активности ширум земјата за да се работи на целите за одржлив развој особено за поквалитетно образование, подобри можности за вработување на младите како и овозможување на поквалитетен здравствен систем во нашата земја. Она што е исклучително важно да се напомене е дека никој не треба да биде изоставен“.

___
Видео од презентацијата на Доброволниот национален преглед:
UN WEB TV VIDEO

___  

Прочитајте го Доброволниот национален преглед и анексот III „Патот на младите кон Агенда 2030 и исполнување на Целите за одржлив развој“ на следниот линк

Архива

August 2020
M T W T F S S
« Jul    
 12
3456789
10111213141516
17181920212223
24252627282930
31  

Вести

ПОВИК ЗА КОНСУЛТАНТ

ПОВИК ЗА КОНСУЛТАНТ

Y-PEERОБЈАВУВАПОВИК ЗА КОНСУЛТАНТза изработка на анализа на прашалник за млади и Ковид-19
Младински форум - Доброволен национален преглед (VNR)

Младински форум – Доброволен н

На 6 март 2020 година во Скопје, Y-PEER во соработка со Владата на Република Северна Маке
Работилници за Цели за одржлив развој и ICPD

Работилници за Цели за одржлив

Во декември 2019 во организација на Y-PEER, со поддршка од канцеларијата на УНФПА во Скоп
Повик: Работилница за Цели за одржлив развој и нивната иднина

Повик: Работилница за Цели за

Y-PEER Македонија објавува повик за пријава на 15 млади кои ќе учествуваат на еднодневен
Y-PEER на ICPD25 - Самит во Најроби

Y-PEER на ICPD25 – Самит во На

Oд 12 до 14 ноември 2019 година во Најроби – Кенија, се одржа ICPD25 глобалниот самит, в