Мени

За проектот

Како одговор на случувањата поврзани со Ковид-19 и согласно со потребите на младите, младинската мрежа Y-PEER со поддршка на Фондот за население на Обединетите нации – УНФПА , започна со спроведување на проектот „Младински одговор за Ковид-19“. 

Пандемијата со Ковид-19 значително го промени секојдневниот живот и влијаеше на сите категории граѓани, вклучувајќи ги и младите. Предизвиците со кои младите се соочуваат на индивидуално ниво се од најразличен карактер, а колективните напори се исклучително важни во насока на балансирање на новонастанатата состојба.  Увидувајќи ја потребата за приспособување кон „новото нормално“ и за да се надминат предизвиците со кои се соочуваат младите, Y-PEER со поддршка на УНФПА, го започнува проектот „Младински одговор за Ковид-19“, којшто има за цел да обезбеди платформа за информирање, едукација, поддршка и советување во контекст на пандемијата, како и предизвиците што произлегуваат од неа. Овој проект е специфично дизајниран со фокус на потребите на младите, особено внимавајќи на потребите на ранливите млади и овозможува помош и поддршка во време на Ковид-19.  

Имплементацијата на овој проект се случуваше преку неколку главни активности, организирани во партнерство со 5 граѓански организации: ЦМА Крик, Младите можат, РМЦ Метаморфоза, Субверзивен фронт и Гласен Текстилец.

Главни активности во рамки на проектот:

Анализа на прашалник „Младите и Ковид-19“

Изработката и споделувањето на прашалникот „Младите и Ковид-19“ имаа за цел да ги идентификуваат главните предизвици со кои младите се соочуваат за време на кризата, нивните перцепции, искуства и потреби. Анализата на добиените одговори од младите беше основа за утврдување на активностите во рамки на проектот.  Во иднина, препораките од анализата може да се користат за планирање и спроведување активности за справување со последиците од пандемијата. Анализата можете да ја погледнете на следниот линк.

Работилници за млади

Преку предвидените работилници младите имаа можност да се информираат, едуцираат и да добијат психолошка, советодавна, здравствена и едукативна поддршка што ќе биде во согласност со нивните моментални потреби. 

Повеќе за спроведените работилници прочитајте на следниот линк.

Онлајн кампањи

Во рамките на овој проект се спроведоа две информативни и едукативни кампањи: „Сеопфатно сексуално образование (ССО), млади и СРЗП“* и „Родово-базирано насилство“, коишто имаат цел да ги приближат овие теми до младите. 

Спроведените кампањи можете да ги погледнете на следниот линк.

Инофрмативно и едукативно видео „Волонтирање во време на криза“

Со цел да се информираат и мотивираат младите да волонтираат во време на пандемијата со Ковид-19, нашиот тим изработи информативно и едукативно видео на темата „Волонтирање во време на криза“. Истото можете да го погледнете на следниот линк.

Информативни и едукативни материјали

Со цел да информациите ги направиме пристапни и до оние млади кои не биле во можност да се вклучат на работилнциите или да ги проследат кампањите во рамки на проектот, подготвивме информативно, едукативни и комуникациски материјали на различните теми кои ги опфативме согласно потребите на младите детектирани во  Анализата на прашалникот „Младите и Ковид-19“.  Овие материјали ги подготвивме во соработка со надворешни експерти од полињата и истите се достапни на следниот линк.

 

 

Архива

January 2021
M T W T F S S
« Jul    
 123
45678910
11121314151617
18192021222324
25262728293031

Вести

Работилници за млади

Работилници за млади

Во рамки на проектот „Младински одговор на Ковид-19“, имплементиран од младинската мрежа Y
Гласот на младите пренесен на политичкиот форум на високо ниво на Обединетите нации

Гласот на младите пренесен на

Оваа година на Политичкиот форум на високо ниво на Обединетите нации (High Level Political
ПОВИК ЗА КОНСУЛТАНТ

ПОВИК ЗА КОНСУЛТАНТ

Y-PEERОБЈАВУВАПОВИК ЗА КОНСУЛТАНТза изработка на анализа на прашалник за млади и Ковид-19
Младински форум - Доброволен национален преглед (VNR)

Младински форум – Доброволен н

На 6 март 2020 година во Скопје, Y-PEER во соработка со Владата на Република Северна Маке
Работилници за Цели за одржлив развој и ICPD

Работилници за Цели за одржлив

Во декември 2019 во организација на Y-PEER, со поддршка од канцеларијата на УНФПА во Скоп