ПОВИК ЗА КОНСУЛТАНТ

Y-PEER
ОБЈАВУВА
ПОВИК ЗА КОНСУЛТАНТ
за изработка на анализа на прашалник за млади и Ковид-19 и
препораки за програмски активности за млади во време на Ковид-19.
Во рамки на предвидениот работен план помеѓу националната канцеларија на Фондот за населени на Обединетите нации – УНФПА и Младинската мрежа
Y-PEER, за компонента „Младински одговор на Ковид-19“, Y-PEER има потреба од ангажирање на консултант кој ќе изработи анализа на резултатите од прашалник за млади и ковид-19.
Во рамки на овој ангажман, консултантот ќе има за задача да направи анализа на одговорите од испитаниците кои го пополниле прашалникот „Младите и Ковид-19“ и да подготви препораки за програмските активности наменети за млади во рамки на партнерството помеѓу Y-PEER и УНФПА.
Анализата и препораките е предвидено да се користат во рамки на планирањето и имплементација на краткорочни и среднорочни интервенции, преку различни активности, со фокус на Ковид-19 и млади.
Предвидени активности:
- Развивање на методологија за анализа на одговорите на прашалникот „Младите и Ковид-19“ (во консултација со проектниот тим);
- Изработка на анализа и толкување на резултати и трендови;
- Изработка на препораки за програмските активности во рамки на партнерството помеѓу
Y-PEER и УНФПА.
Предвиден ангажман: 5 работни денови
Временска рамка: 19 – 26 јуни 2020
Надоместок: во зависност од работното искуство
Профил и квалификации:
- Завршено високо образование;
- Познавање и користење на англиски јазик;
- Истражувачко искуство од најмалку 3 години;
- Познавања од областа на Ковид-19 и сексуално репродуктивно здравје и права – СРЗП;
- Познавања од областа на младинска работа и волонтирање;
- Познавање на националните и меѓународните протоколи областа на Ковид-19;
- Познавање на националните и меѓународните политики во областа на СРЗП;
- Познавање на вредностите и делувањето на мрежата Y-PEER;
- Највисоко ниво на само-иницијативност, способности за планирање и организација.
Доставување на апликации
Заинтересираните лица треба да испратат:
- Професионална биографија (CV) *1;
- Портфолио / список на клиенти / организации за кои се спроведени исти / слични активности;
- предлог – методологија за изработка на анализата.
на електронска пошта: youthpeermacedonia@gmail.com најдоцна до 17.06.2020 (среда) до 18:00 часот, со назнака Консултант за изработка на анализа на прашалник за млади и Ковид-19.
(1) Само лицата кои ќе влезат во потесен избор, ќе бидат известени за резултатите од повикот на ден 18.06.2020 година и на истите ќе им се изврши телефонско интервју.
Заинтересираните може да ги постават своите прашања на youthpeermacedonia@gmail.com . Ве молиме без телефонски јавувања.
(1) Ве молиме нагласете ги или споделете (може и придружно) Вашите претходни искуства и истражувања/референци поврзани со повикот.