Работилници за млади

Во рамки на проектот „Младински одговор на Ковид-19“, имплементиран од младинската мрежа Y-PEER, во партнерство со 5 граѓански организации: ЦМА Крик, Младите можат, РМЦ Метаморфоза, Субверзивен фронт и Гласен Текстилец се спроведоа 13 онлајн-работилници. Во рамки на овие работилници учество земаа повеќе од 120 млади од целата држава.
Во согласност со мотото „Никој да не биде изоставен“ и во соработка со партнерите , за време на овие работилници следните групи на ранливи млади земаа учество: млади со попреченост, млади кои живеат во социјален/економски риизк, ЛГБТИ+ млади, млади кои се директно погодени од Ковид-19 и имаат потреба за психосоцијална поддршка. млади роми/ки и млади кои живеат во рурални средини.
Сите активности, вкучувајќи ги и работилниците во рамки на овој проект се специфично дизајниран со фокус на потребите на младите за кои можете подетално да прочитате во Анализата на прашалникот „Младите и Ковид-19“.
Теми кои беа опфатени за време на работилниците:
- Младите и менталното здравје во време на Ковид-19;
- Младите и младинската работа во време на Ковид-19;
- Здравјето како приоритет во време на Ковид-19;
- Креативни работилници за едукација и поддршка во време на Ковид-19 наменети за млади лица со попреченост;
- Сексуално и репродуктивно здравје во време на Ковид – 19;
- Работилници за поддршка на ЛГБТИ+ млади;
- Родово засновано насилство во време на пандемијата на Ковид-19;
- Можности за млади и младинска работа во време на Ковид-19.
Погледнете дел од екранските слики за време на работилниците.