Работилници за Цели за одржлив развој и ICPD

Во декември 2019 во организација на Y-PEER, со поддршка од канцеларијата на УНФПА во Скопје, се оддржаа две работилници за Цели за одржлив развој и млади. Работилниците имаа за цел да ги поттикнат младите се вклучат во дискусија за Агендата 2030 и Целите за одржлив развој (SDGs) и младинските програми поврзани со истите.
Учество во овие работилници земаа 16 учесници: млади, младински организации и преставници од организации кои работат со млади.
Преку интерактивни вежби учесниците имаа можност да разменат знаења, да ги споделат проблемите со кои се соочуваат целните групи со кои работат и да креираат решенија на локални проблеми кои доаѓаат од работата на терен. Преку локализирање на предизвиците со кои се соочуваат целните групи и адресирање на истите низ призмата на целите за одржлив развој учесниците изработија предлог решенија кои во иднина ќе послужат како појдовна точка во дизајнирање и имплементација на идната соработка помеѓу организациите и инситуциите на национално ниво.
Дополнително за време на работилниците, претставниците зборуваа за младинската вклученост во процесите поврзани со Меѓународната конференција за население и развој (ICPD) и заложбите дадени од нашата држава и младите на глобално ниво. Во насока на унапредување на имплементацијата на заложбите на национално ниво, учесниците дадоа свои препораки за како да се артикулира важноста на оваа агенда и како до успешно исполнување на заложбите за младите и подобрување на квалитетот на живот.
Архива
M | T | W | T | F | S | S |
---|---|---|---|---|---|---|
« Jan | ||||||
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 |
8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 |
15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 |
22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 |