Гласот на младите пренесен на политичкиот форум на високо ниво на Обединетите нации

Оваа година на Политичкиот форум на високо ниво на Обединетите нации (High Level Political Forum – HLPF), младите од Република Северна Македонија имаа можност да го споделат својот глас и визија за каква иднина посакуваат до 2030 година.
___
Мотото на овогодинешниот Политички форум на високо ниво на Обединетите нации беше „Забрзана акција и трансформативни патишта: реализирање на декадата на акција и испорака за одржлив развој“. Делегацијата на Република Северна Македонија, учествуваше на виртуелниот политички форум каде го презентираше Доброволниот национален преглед (Voluntary National Review – VNR) кој за прв пат го изработи државата со вклучување на различни засегнати страни.
___
Во името на тимот на Y-PEER и во името на младите, во делегацијата зема учество Кристина Ангелевска која изјави:
„Ми претставува особена чест и задоволство да зборувам во име на младинската мрежа Y-PEER и сите оние предизвици на коишто младинската мрежа има работено за и со младите во нашата земја. Во изминатиот временски период помеѓу од 2014 до 2020 година она што е исклучително важно да се напомене е колку на инклузивен начин младите учествувале во различни активности ширум земјата за да се работи на целите за одржлив развој особено за поквалитетно образование, подобри можности за вработување на младите како и овозможување на поквалитетен здравствен систем во нашата земја. Она што е исклучително важно да се напомене е дека никој не треба да биде изоставен“.
___
Видео од презентацијата на Доброволниот национален преглед:
UN WEB TV VIDEO
___
Прочитајте го Доброволниот национален преглед и анексот III „Патот на младите кон Агенда 2030 и исполнување на Целите за одржлив развој“ на следниот линк.
Архива
M | T | W | T | F | S | S |
---|---|---|---|---|---|---|
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 |
8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 |
15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 |
22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 |
29 | 30 | 31 |