Мени

Работилница за млади „Зголемување на младинското учество во процесите на донесување одлуки и соработка со институции“

Oбјавено на: 11.09.2017

Во организација на мрежата на младински организации Y-PEER Македонија, во соработка со Организацијата за социјални иновации АРНО и со поддршка на канцеларијата на УНФПА во Скопје на 07 септември во Скопје, се оддржа работилница за млади насловена како „Зголемување на младинското учество во процесите на донесување одлуки и соработка со институции“. На настанот присуствуваа 17 млади луѓе – преставници од органзиации кои работат со млади : Форум 16, YES Македонија, ЦИД,  „ХЕРА“, „Младите можат“ , АЕЖЕ, Црвен Крст – М. Брод, КРИК, АЕСЕК.

 

Преку овој настан младите  имаа можност да се информирааат за тековните процеси во рамки на развојната агенда на Организацијата на Обединетите Нации и младинското учество. Гостинка говорник на работилницата беше г-а Сања Зоографска Крстеска како преставничка на Министерството за Надворешни работи на Република Македонија. Г-а Сања го објасни процесот посочувајќи дека „…целите се така формулирани да ги адресираат сите проблеми во општествата на глобално ниво. Низ сите нив провејува една нишка хоризонтално, потребата да се почитуваат човековите права и владеењето на правото. “  Во своето излагање акцент беше даден и на партнерствата и улогата на младите луѓе во развојните процеси.

„Цел 17 е наменета за партнерства на глобално ниво. Младите се главна целна група заедно со жените која провејува низ сите ЦОР и тука е вашата можност да се вклучите, прво на локално ниво во вашите заедници потоа на национално ниво. Младите се фактори кои пр     идонесуваат за промените и помагаат во имплементација на целите. “ – истакна г-а Сања од Министерството за надворешни.

Во текот на работилницата присутните имаа можност преку сесијата за поставување прашања да се информираат и за процесите на повисоко ниво, и да се запознаат со главните чекори кои ги преземаат земјите ширум светот за процесот 2030.

Архива

May 2020
M T W T F S S
« Mar    
 123
45678910
11121314151617
18192021222324
25262728293031

Вести

Младински форум - Доброволен национален преглед (VNR)

Младински форум – Доброволен н

На 6 март 2020 година во Скопје, Y-PEER во соработка со Владата на Република Северна Маке
Работилници за Цели за одржлив развој и ICPD

Работилници за Цели за одржлив

Во декември 2019 во организација на Y-PEER, со поддршка од канцеларијата на УНФПА во Скоп
Повик: Работилница за Цели за одржлив развој и нивната иднина

Повик: Работилница за Цели за

Y-PEER Македонија објавува повик за пријава на 15 млади кои ќе учествуваат на еднодневен
Y-PEER на ICPD25 - Самит во Најроби

Y-PEER на ICPD25 – Самит во На

Oд 12 до 14 ноември 2019 година во Најроби – Кенија, се одржа ICPD25 глобалниот самит, в
Youth for SDGs – SDGs for youth

Youth for SDGs – SDGs for yout

Oд 21 до 27 октомври 2019 година во Петрохан – Бугарија, се одржа младинската размена You