Мени

Candlelight Memorial

Oбјавено на: 15.04.2015

Меѓународната иницијатива за сеќавање на жртвите од СИДА, која е координирана од страна на глобалната мрежа на луѓе кои живеат со ХИВ, е една од најстарите светски  кампањи за подигање на свеста за ХИВ / СИДА. Се започна во далечната 1983 година и оттогаш се организира секоја година во третата недела во мај. Кон оваа иницијатива досега се имаат придружено повеќе од 1.200 локални организации од 115 земји и нивниот број од година во година расте.

 candlelight memorial 01

Во 2011 Y-PEER Македонија се  приклучи на оваа светска  иницијатива со организирање на настани на територијата на Македонија. Настанот се одржа на 20 мај, а беше организиран во два дела:

  1. Дневни активности на локацијата “Школка” во главниот градски парк со бесплатно, доброволно и доверливо тестирање за ХИВ, и дистрибуирање на информативни брошури за ХИВ/СИДА.
  2. Централниот настан се одржа на платото пред спомен куќата на Мајка Тереза во Скопје, каде што беа поставени свеќи во форма на панделка, при што посетителите и локалните минувачи можеа да запалат свеќа и со тоа  да оддат почит кон сите оние кои ја имаат загубено битката со СИДАта.

Целта на  овој настан е да се подигне свеста во општеството за ХИВ / СИДА и да се упатат пораки за запирање на дискриминацијата и влевање надеж за идните генерации.

Архива

May 2020
M T W T F S S
« Mar    
 123
45678910
11121314151617
18192021222324
25262728293031

Вести

Младински форум - Доброволен национален преглед (VNR)

Младински форум – Доброволен н

На 6 март 2020 година во Скопје, Y-PEER во соработка со Владата на Република Северна Маке
Работилници за Цели за одржлив развој и ICPD

Работилници за Цели за одржлив

Во декември 2019 во организација на Y-PEER, со поддршка од канцеларијата на УНФПА во Скоп
Повик: Работилница за Цели за одржлив развој и нивната иднина

Повик: Работилница за Цели за

Y-PEER Македонија објавува повик за пријава на 15 млади кои ќе учествуваат на еднодневен
Y-PEER на ICPD25 - Самит во Најроби

Y-PEER на ICPD25 – Самит во На

Oд 12 до 14 ноември 2019 година во Најроби – Кенија, се одржа ICPD25 глобалниот самит, в
Youth for SDGs – SDGs for youth

Youth for SDGs – SDGs for yout

Oд 21 до 27 октомври 2019 година во Петрохан – Бугарија, се одржа младинската размена You