Мени

„Идеите ги споделувам гласно“ 2014

Oбјавено на: 15.04.2015

Регионалната кампања фокусирана на младинското учество во Пост-2015 Агендата „Младински глас-Идинината која ја посакувам во Источна Европа и Централна Азија“ се лансираше на почетокот на октомври, 2014 година. Целта на кампањата е да осигура дека прашањата кои се поврзани со младите  се препознаени во понатамошната развојна агенда, што пак е возможно само со значајно младинско учество. Младинските активисти од регионот на Источна Европа и Централна Азија се охрабрени да се мобилизираат и себе-застапуваат за младинските приоритети поврзани со пост-2015 развојната рамка. Кампањата, исто така, има за цел да обезбеди сеопфатни информации за младите во ИЕЦА регионот и да им овозможи подобрување на вештините кои им се потребни за водење на ефективни иницијативи за застапување. Кампањата е координирана од Регионалната Лидерска Младинска Група составена од неколку младински регионални мрежи/институции во соработка со Младинскиот Кластер во УНФПА EECARO и регионалните канцеларии на УНФПА.

Македонија е горда што се приклучи на оваа кампања преку низа на креативни младински активности. Кампањата во Македонија ја спроведе мрежата на Y-PEER преку следните активности:

(24.11-12.12) Теренска интеракција со млади која овозможи да се слушне гласот на младите и да се добијат младински  пишани пораки во врска со горливи општествени предизвици. Оваа активност се одвиваше преку посета на фрекфентни урбани локации каде наши волонтери ги замолуваа младите да ја вметната главата во Face in Hole Messages и да пишат своја порака во просторот над мегафонот. Фотографиите со пораките  беа  изложени во Младинскиот Културен Центар во Скопје.
(30.11) – По повод одбележувањето на 1ви декември, светскиот ден за борба против СИДА, беа одржани 3 едукативно-забавни изведби на младинската претстава „Приказни од ходникот“ која содржи пораки за превенција на ХИВ, несакана бременост и други теми за млади од областа на сексуалнотo здравје и права. Претставата, во изведба на организацијата „Сенки и облаци“, е претходно развиена во рамки на проект финансиран од фондацијата MTV Staying Alive. Дискусиите по претставите беа прилика младите да разговараат за прашања од областа на сексуално и репродуктивно здравје, која е една од областите во развојата агенда на ООН.
(30.11)-Во рамки на кампањата се оддржа изложбата со фотографии од младински пораки повразни со областите за кои младите сметаат дека е потребно поголемо внимание и вложување.
(01.12)-Во Младинскиот Културен Центар се одржа прес конференција на која медиумите имаа шанса одблиску да се запознаат со спроведените активности во рамките на кампањата и да се информираат за следните чекори и активности на мрежата.
(15.12)- На 15ти Декември во хотел „ТЦЦ Гранд Плаза“ се оддржа младинска конференција „Младинско учество и препораки за идната развојна агенда на Обединетите нации“. Конференцијата вклучи претставници од Фондот за население на Обединетите Нации, граѓански организации, институции, претставници на политичките подмладоци и им овозможи заеднички простор за дискусија за младинските приоритети кои треба да бидат опфатени во идната развојна агенда. Целта на конференцијата беше дискусиите да произлезат со заклучоци од кои понатаму ќе се изработат младински препораки за подобрување на состојбата на младите во Македонија.

Архива

October 2020
M T W T F S S
« Jul    
 1234
567891011
12131415161718
19202122232425
262728293031  

Вести

Гласот на младите пренесен на политичкиот форум на високо ниво на Обединетите нации

Гласот на младите пренесен на

Оваа година на Политичкиот форум на високо ниво на Обединетите нации (High Level Political
ПОВИК ЗА КОНСУЛТАНТ

ПОВИК ЗА КОНСУЛТАНТ

Y-PEERОБЈАВУВАПОВИК ЗА КОНСУЛТАНТза изработка на анализа на прашалник за млади и Ковид-19
Младински форум - Доброволен национален преглед (VNR)

Младински форум – Доброволен н

На 6 март 2020 година во Скопје, Y-PEER во соработка со Владата на Република Северна Маке
Работилници за Цели за одржлив развој и ICPD

Работилници за Цели за одржлив

Во декември 2019 во организација на Y-PEER, со поддршка од канцеларијата на УНФПА во Скоп
Повик: Работилница за Цели за одржлив развој и нивната иднина

Повик: Работилница за Цели за

Y-PEER Македонија објавува повик за пријава на 15 млади кои ќе учествуваат на еднодневен