Мени

Kонсултативна средба „Воведување на формално сеопфатно сексуално образование во Република Македонија: предизвици и можности“

Oбјавено на: 07.12.2017

Во организација на мрежата на младински организации Y-PEER Македонија, во соработка со Организацијата за социјални иновации АРНО и со поддршка на канцеларијата на УНФПА во Скопје на 06 декември во Скопје, се оддржа консултативна средба за нацрт ситуациската анализа „Воведување на формално сеопфатно сексуално образование во Република Македонија: предизвици и можности“. На оваа средба учество земаа 20 преставници на младински организации, институции и министерства.

 

На овој настан присутните имаа прилика да го проследат презентрирањето на нацрт верзијата на анализата, да се информираат за состојбите со воведување на формално сеопфатно сексуално образование (ССО) во регионот. Во првиот дел на настанот авторите ја презентираа нацрт анализата и ги посочија и предизвиците кои би се појавиле во Македонија при воведување на формално ССО како и можностите кои произлегуваат од негово воспоставување и имплементација.
Во вториот дел на настанот, преставниците на организациите, институциите и министерствата имаа прилика да дискутираат по нацрт анализата. Тие ги споделија своите мислења, експертиза и искуство на полето ССО и можностите и предизвиците кои досега се појавиле во рамки на нивната работа.

 

Архива

January 2021
M T W T F S S
« Jul    
 123
45678910
11121314151617
18192021222324
25262728293031

Вести

Работилници за млади

Работилници за млади

Во рамки на проектот „Младински одговор на Ковид-19“, имплементиран од младинската мрежа Y
Гласот на младите пренесен на политичкиот форум на високо ниво на Обединетите нации

Гласот на младите пренесен на

Оваа година на Политичкиот форум на високо ниво на Обединетите нации (High Level Political
ПОВИК ЗА КОНСУЛТАНТ

ПОВИК ЗА КОНСУЛТАНТ

Y-PEERОБЈАВУВАПОВИК ЗА КОНСУЛТАНТза изработка на анализа на прашалник за млади и Ковид-19
Младински форум - Доброволен национален преглед (VNR)

Младински форум – Доброволен н

На 6 март 2020 година во Скопје, Y-PEER во соработка со Владата на Република Северна Маке
Работилници за Цели за одржлив развој и ICPD

Работилници за Цели за одржлив

Во декември 2019 во организација на Y-PEER, со поддршка од канцеларијата на УНФПА во Скоп