Меѓународна конференција за население и развој – ICPD

Во период од 29-ти септември до 2-ри октомври во Женева – Швајцарија, по повод 25-годишнината од Меѓународната конференција за население и развој (ICPD – International Conference on Population and Development) се одржа Регионална конференција на тема „Овозможувајќи избор: Динамика на населението и одржлив развој“.
Препознавајќи ја важноста на процесот и со цел обезбедување на поширока консултација поврзана со работната рамка пред конференција се одржаа две консултации:
1. Младинска консултација – 29ти октомври
Главната цел на младинската консултација во рамки на овој процес беше насочена кон отварање на дискусија со младите за предизвиците со кои се соочуваат во насока на динамика на населението во периодот (2013-2018 година) и кои позитивни примери и практики може да се применат во иднина. Oваа консултација послужи да им се даде можност на младите да изработат младинска препорака која понатака ќе биде проследена на главната конференција.
2. Консултација на претставници на граѓанските организации – 30ти октомври
Консултацијата на претставници на граѓански организации послужи да се запознаат организациите со процесот и прогресот во изминатиот период во изминатите 5 години во регионот, да се поттикнат заеднички акции и развијат приоритети за во следниот период.
Меѓународната конференција за население и развој „Овозможувајќи избор: Динамика на населението и одржлив развој“ (1 – 2 октомври) има за цел да ја зајакне поврзаноста помеѓу ИЦПД и Агендата за одржлив развој 2030 година. Фокусот во рамки на конференцијата беше ставен на имплементација на клучните активности, како и на политиката за решавање на проблемите поврзани со: Динамика на населението и одржлив развој, Семејства, сексуално и репродуктивно здравје и Нееднаквост, опшествена инклузија и права.
Целосниот извештај од конференцијата можете да го пронајдете на следниот линк.
Учество во име на Y-PEER Македонија на конференцијата и консултациите зема Кристијан Ангелески.