Мени

Младински модел – ICPD

Oбјавено на: 18.10.2019

Во пресрет на Глобалниот ICPD самит во Најроби во период од 16-17 октомври, во Каиро, Египет се одржа младинскиот модел на ICPD (ICPD – International Conference on Population and Development). 
Препознавајќи ја важноста на младите и нивното учество во глобалните развојни процеси, 200 млади од 53 земји имаа можност да учествуваат во симулација на глобалниот самит и изработат младински препораки за програмата за акција. 


Во рамки на оваа конференција, младите имаа клучна улога во споделување на своите искуства и знаења, овозможувајќи заеднички да направат преглед на предизвиците со кои се соочуваат во различни делови од светот и дадат препораки за како да се унапреди имплементацијата на Програмата за акција на ICPD низ призмата на Агендата 2030 и Целите за одржлив развој на Обединетите нации. 

По дводневна дискусија, младите ги споделија своите заложби поврзани со Програмата за акција на ICPD и за што се застапуваат во насока на вклучување на младите во имплементација на глобалните и националните процеси, учеството на граѓанските организации и останатите засегнати страни. Тие ја споделија важноста на вклученоста на младите во институционалните процеси со цел да се осигура учество на младите и можност да младите споделат кои се нивните визии за иднината. 

Учество во име на Y-PEER во рамки на Младински модел – ICPD зема Лина Даневска 

*** Погледнете го промотивното младинско видео за ICPD25 со клик тука ***  

Архива

August 2020
M T W T F S S
« Jul    
 12
3456789
10111213141516
17181920212223
24252627282930
31  

Вести

Гласот на младите пренесен на политичкиот форум на високо ниво на Обединетите нации

Гласот на младите пренесен на

Оваа година на Политичкиот форум на високо ниво на Обединетите нации (High Level Political
ПОВИК ЗА КОНСУЛТАНТ

ПОВИК ЗА КОНСУЛТАНТ

Y-PEERОБЈАВУВАПОВИК ЗА КОНСУЛТАНТза изработка на анализа на прашалник за млади и Ковид-19
Младински форум - Доброволен национален преглед (VNR)

Младински форум – Доброволен н

На 6 март 2020 година во Скопје, Y-PEER во соработка со Владата на Република Северна Маке
Работилници за Цели за одржлив развој и ICPD

Работилници за Цели за одржлив

Во декември 2019 во организација на Y-PEER, со поддршка од канцеларијата на УНФПА во Скоп
Повик: Работилница за Цели за одржлив развој и нивната иднина

Повик: Работилница за Цели за

Y-PEER Македонија објавува повик за пријава на 15 млади кои ќе учествуваат на еднодневен