Мени

Обмислени лидерски – Што се промени во последните 25 години?

Oбјавено на: 11.07.2019

10 јули Скопје – Светскиот ден на населението повикува на глобално внимание во врска со недовршената работа од Конференцијата na ICPD во Каиро од 1994 година, одбележувајќи го повикот за недовршената работа преку Што се променило” разговори во врска со родово-базираното насилство и правата на младите и адолесцентите.

Дискусијата „Што се променило?“ се пренесуваше во живо од Скопје на 10-ти јули на фејсбукстраницата на УНПФА МК. Овој прв национален настан Што се променило?“ го модерираше регионалната директорка на УНФПА, г-ѓа Ајнабат Анамухамедова, а учесници беа г. Илјаз Сабриу, член на македонската делегација во Каиро 1994, г-ѓа Мила Царовска, министерка за труд и социјална политика на С. Македонија,  г. Венко Филипче, министер за здравство на С.Македонија, г.Кристијан Ангелески од Y-PEER младинската мрежа од С.Македонија и г-ѓа Росана Дуџакнационален координатор на ОН во С.Македонија.

Г. Илијаз Сабриу ја посочи посветеноста на тогашната Влада за спроведување на клучните заклучоци од Конференцијата и процесот на изработка на Програма за развој на популационата политика и наталитет.

За ратификацијата и операционализација на Истанбулската конвенција, чии цели треба да се постигнат во наредните 5 години, како и за другите стратешки приоритети на Министерството за труд и социјална политика како дел од Развојните цели, говореше министерката за труд и социјална политика, г-ѓа Мила Царовска.

Министерот за здравство, г. Венко Филипче, потенцираше неколку клучни точки за напредок во државата – донесувањето на двегодишниот Акциски план со поддршка на УНФПА за спроведување на Стратегијата за сексуалното и репродуктивното здравје,  отворање на три центри за упатување на жртви на сексуално насилство, изработка на постапките при третирање на жртвите и друго, новиот Закон за абортус, каде се отстранети рестриктивните мерки, како и превентивните програми за ХИВ, и други.

Од Y-PEER, Кристијан зборуваше за важноста и улогата на младите при планирање, имплементација и евалуација на развојните програми кои се креираат и имаат импакт врз квалитетот на живот и нивната благосостојба.
Младите треба активно да бидат вклучени во планирањето, спроведувањето и евалуацијата на развојните активности што имаат директно влијание на нивниот секојдневен живот, за да се осигури дека никој не е заборавен“. – изјави Кристијан Ангелески 

Државата покажа сериозна посветеност и покажа извонреден напредок во решавањето на прашањето на родово-базирано насилство. Сега е време да се дејствува. Една од причините што го одбележуваме овој ден е да го означиме напредокот што е постигнат досега, но и да си поставиме предизвици во нашата натамошна посветеност и да видиме што понатаму можеме да направиме“, истакна г-ѓа Росана Дуџак.

На самитот во Наироби оваа година ќе треба одново да ја анимираме меѓународната заедница, да вткае нов живот во агендата, да ја одржи и надгради врз постигнувањата што беа остварени од 1994 наваму.

Архива

August 2020
M T W T F S S
« Jul    
 12
3456789
10111213141516
17181920212223
24252627282930
31  

Вести

Гласот на младите пренесен на политичкиот форум на високо ниво на Обединетите нации

Гласот на младите пренесен на

Оваа година на Политичкиот форум на високо ниво на Обединетите нации (High Level Political
ПОВИК ЗА КОНСУЛТАНТ

ПОВИК ЗА КОНСУЛТАНТ

Y-PEERОБЈАВУВАПОВИК ЗА КОНСУЛТАНТза изработка на анализа на прашалник за млади и Ковид-19
Младински форум - Доброволен национален преглед (VNR)

Младински форум – Доброволен н

На 6 март 2020 година во Скопје, Y-PEER во соработка со Владата на Република Северна Маке
Работилници за Цели за одржлив развој и ICPD

Работилници за Цели за одржлив

Во декември 2019 во организација на Y-PEER, со поддршка од канцеларијата на УНФПА во Скоп
Повик: Работилница за Цели за одржлив развој и нивната иднина

Повик: Работилница за Цели за

Y-PEER Македонија објавува повик за пријава на 15 млади кои ќе учествуваат на еднодневен