Мени

ПОВИК ЗА ФАСИЛИТАТОРИ

Oбјавено на: 06.09.2017

МЛАДИНСКАТА МРЕЖА Y-PEER МАКЕДОНИЈА И
ЗДРУЖЕНИЕ ЗА СОЦИЈАЛНИ ИНОВАЦИИ „АРНО“

 

ОБЈАВУВААТ
ПОВИК ЗА ФАСИЛИТАТОРИ

за
ДВОДНЕВНА РАБОТИЛНИЦА НА ТЕМА „ЦЕЛИ ЗА ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ И  ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ГРАДЕЊЕ НА МИР СО МЛАДИНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ“

TWO DAY WORKSHOP ON SDGS AND PEACE BUIDLING INITIATIVE WITH YOUTH NGOs

 

Во рамки на предвидениот работен план на националната канцеларија на Фондот за населени на Обединетите Нации кој се спроведува во рамки на компонентата млади, младинската мрежа Y-PEER Македонија и Здружението за социјални иновации „АРНО“ имаат потреба од ангажирање на двајца фасилитатори кои ќе имплементираат дводневна работилница на тема „Цели за одржлив развој и иницијативи за градење на мир на младински организации“. Оваа работилница има за цел да го презентира концептот на новата развојна агенда на ООН и целите за одржлив развој (ЦОР) и градењето на мир преку иницијативи на младинските организации и вклучување на маргинализирани адолесценти и млади.

 

Цели на работилницата

Работилницата има за цел да ги зголеми практичните знаења и вештини на 20 млади од Македонија- претставници на младински организации, кои ќе учествуваат на работилницата за Цели за одржлив развој и иницијативи за градење на мир на младински организации во насока на креирање промени преку имплементација на младински иницијативи во областа на ЦОР и градење на мир.

 

Профил на обучувачи/фасилитатори

  • Познавања од областа пост-2015 агенда на ООН, цели за одржлив развој, познавање на иницијативи за градење на мир;
  • Портфолио во областа на градење мир и работа со млади (водење на работилници/обуки/сесии на релевантни теми од овој повик);
  • Искуство во работа со млади и адолесценти кои доаѓаат од различни заедници;
  • Искуство во дизајнирање, прилагодување и спроведување обуки со користење на интерактивни методи за учење на различни целни групи;
  • Способност за тимска работа;
  • Одлични комуникациски вештини;
  • Одлично познавање на македонскиот и англискиот јазик.

 

 

Работни задачи

Обучувачите ќе бидат одговорни за подготовка, спроведување, проценување  и известување за обуката. Задачите опфаќаат:

  • Развивање на работна програма, план на сесии и материјали за дводневната работилница;
  • Спроведување на дводневна работилница;
  • Развој на инструмент за оценка на стекнати знаења;
  • Подготовка на извештај кој ќе биде доставен до организаторот, не подоцна од 5 работни дена по завршувањето на обуката.

 

 

Технички податоци

Предвидено е работилницата да трае два дена во период од 20ти до 30-ти септември 2017 (точниот датум на спроведување на работилницата дополнително ќе се утврди).  Местото на одржување на работилницата е во Скопје.
Фасилитаторите ќе бидат ангажирани 4 дена во рамки на кои предвидено е: 1 ден за подготовка, 2 дена за имплементација на работилница и 1 ден за подготовка на извештај.

Надоместок

Од страна на организаторот на двата фасилитатори за остарувањето на работните задачи ќе им бидат исплатени 480 долари (бруто) износ во денарска противвредност засебно.

Начин на пријавување:

Доколку сте заинтересирани да се пријавите, ве молиме да ја испратите вашата биографија (CV) вклучувајќи и листа на спроведени работилници/обуки на релевантните теми и кратка програма за обука, на следните електронски адреси: youthpeermacedonia@gmail.com и info@youthpeer.org.mk.

Краен рок за пријавување е 12.9.2017.

Архива

May 2020
M T W T F S S
« Mar    
 123
45678910
11121314151617
18192021222324
25262728293031

Вести

Младински форум - Доброволен национален преглед (VNR)

Младински форум – Доброволен н

На 6 март 2020 година во Скопје, Y-PEER во соработка со Владата на Република Северна Маке
Работилници за Цели за одржлив развој и ICPD

Работилници за Цели за одржлив

Во декември 2019 во организација на Y-PEER, со поддршка од канцеларијата на УНФПА во Скоп
Повик: Работилница за Цели за одржлив развој и нивната иднина

Повик: Работилница за Цели за

Y-PEER Македонија објавува повик за пријава на 15 млади кои ќе учествуваат на еднодневен
Y-PEER на ICPD25 - Самит во Најроби

Y-PEER на ICPD25 – Самит во На

Oд 12 до 14 ноември 2019 година во Најроби – Кенија, се одржа ICPD25 глобалниот самит, в
Youth for SDGs – SDGs for youth

Youth for SDGs – SDGs for yout

Oд 21 до 27 октомври 2019 година во Петрохан – Бугарија, се одржа младинската размена You