Повик за конференција „Млади, мир и безбедност“

МЛАДИНСКАТА МРЕЖА Y-PEER МАКЕДОНИЈА И
ЗДРУЖЕНИЕ ЗА СОЦИЈАЛНИ ИНОВАЦИИ „АРНО“
ОБЈАВУВААТ
ПОВИК ЗА УЧЕСНИЦИ
на
ДВОДНЕВНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ТЕМА „МЛАДИ, МИР И БЕЗБЕДНОСТ“
Преку низата иницијативи кои Y-PEER ги организираше во Македонија минатиот период, младите имаа можност да бидат дел од неколку кампањи кои го промовираа младинското учество во различни процеси, фокусирајќи се на целите за одржлив развој (ЦОР). Преку соработка со владите и институциите и во потрага по долготрајни решенија на конфликтите и предизвиците со безбедноста, целите за одржлив развој се насочени кон значително намалување на сите форми на насилство.
Дводневна конференција „Млади, мир и безбедност“ има за цел да ги зголеми практичните знаења и вештини на 20 млади од Македонија во областа на ЦОР и иницијативите за градење на мир.
Дата и место
Конференцијата ќе се одржи на 5 и 6 октомври 2017, во Скопје.
Кој може да се пријави?
Секој млад активист кој е заинтересиран за промоција на глобални вредности, подобрено знаење за развојни политики, ООН, младинско учество во иницијативи за мир и безбедност.
Како и до кога е пријавувањето?
Пријавувањето е на следниов линк , наjдоцна до четврток на полноќ (28ми септември 2017, 23:59).
Избраните учесници ќе бидат известени на 29ти септември 2017.
За учесниците кои доаѓаат надвор од Скопје трошоците за автобуски превоз, сместување и храна ќе бидат покриени од страна на организаторот.