Мени

Повик за работилница за млади

Oбјавено на: 29.08.2017

Y-PEER Македонија објавува повик за пријава на 17 млади луѓе кои ќе учествуваат на еднодневен настан – работилница насловена како „Зголемување на младинското учество во процесите на донесување одлуки и соработка со институции“. Работилницата ќе се оддржи во четврток (7ми септември) во Скопје.

Целта на работилницата е информирање на младите за тековните процеси во рамки на развојната агенда на Организацијата на Обединетите Нации и зголемување на младинското учество. На работилницата ќе присуствуваат претставници од младински организации и претставник од одговорна институција за воспоставување и водење на процесот во Република Македонија.

Младите од Македонија до сега имаа шанса да бидат дел од неколку кампањи и активности кои се фокусираа на младинското учество во ЦОР (Цели за одржлив развој), меѓутоа евидентна е потребата од зголемена соработка со клучните институции кои што се инволвирани во процесите на повисоко ниво.

Овој настан е во организација на Мрежата на младински организации Y-PEER Македонија, во соработка со Организацијата за социјални иновации „АРНО“ и со поддршка на канцеларијата на УНФПА во Скопје, и се спроведува како дел од работниот план и партнерството за имплементација на компонентата Млади за 2017 година.

Кој може да се пријави?

Секој млад активист кој е заинтересиран за промоција на глобални вредности, подобрено знаење за развојни политики, ООН, младинско учество во развојна агенда.

 

Како и до кога е пријавувањето?

Пријавувањето е  на следниов линк , надоцна до вторник на полноќ (4ти септември 2017, 23:59).
Избраните учесници ќе бидат известени на 5ти септември 2017.

За учесниците кои доаѓаат надвор од Скопје трошоците за автобуски превоз ќе бидат покриени од страна на организаторот.

Архива

May 2020
M T W T F S S
« Mar    
 123
45678910
11121314151617
18192021222324
25262728293031

Вести

Младински форум - Доброволен национален преглед (VNR)

Младински форум – Доброволен н

На 6 март 2020 година во Скопје, Y-PEER во соработка со Владата на Република Северна Маке
Работилници за Цели за одржлив развој и ICPD

Работилници за Цели за одржлив

Во декември 2019 во организација на Y-PEER, со поддршка од канцеларијата на УНФПА во Скоп
Повик: Работилница за Цели за одржлив развој и нивната иднина

Повик: Работилница за Цели за

Y-PEER Македонија објавува повик за пријава на 15 млади кои ќе учествуваат на еднодневен
Y-PEER на ICPD25 - Самит во Најроби

Y-PEER на ICPD25 – Самит во На

Oд 12 до 14 ноември 2019 година во Најроби – Кенија, се одржа ICPD25 глобалниот самит, в
Youth for SDGs – SDGs for youth

Youth for SDGs – SDGs for yout

Oд 21 до 27 октомври 2019 година во Петрохан – Бугарија, се одржа младинската размена You