ПОВИК ЗА СТАЖИРАЊЕ

Младинската мрежа Y-PEER Македонија по покана на Y-PEER интернационалниот институт за младински развој, ПЕТРИ – Софија, објавува повик за стажирање.
Времетраењето на стажирањето е до 6 месеци во период ноември 2017 – јули 2018, во зависност од потребите за секоја од позициите одделно. За цело времетраење на програмата, трошоците за сместување и живот се покриени од страна на ПЕТРИ-Софија.
Програмата за стажантсво се спроведува на англиски јазик и целосната информација за истата можете да ја пронајдете на следниот линк.
Апликацијата за програмата можете да ја пронајдете на следниот линк.
Ги покануваме сите млади кои се:
- мотивирани да работат со млади;
- сакаат да учествуваат во интернационални активности;
- имаат желба да работат во динамична средина и сакаат да ги прошират своите знаења како и зајакнат своите вештини во рамки на младинската работа, застапување за младински права и лидерство;
- сакаат да работат во тим, знаат да исполнуваат задачи навреме.
Заинтересираните најдоцна до 15-ти октомври 2017, на електронската пошта на ПЕТРИ (petri.bulgaria@gmail.com) треба да пополнат и испратат:
- Апликацијата за соодветната позиција;
- Кратка биографија – CV;
- Писмо за препорака од преставник на националната канцеларија на УНФПА (задолжително);
- Писмо за препорака од националната мрежа Y-PEER/Националниот Focal Point/ одговорното лице од организацијата каде е активен член кандидатот/ партнер на мрежата (ќе се смета за предност).