Повик за учесници на младинска размена “Youth for SDGs & SDGs for Youth”- Бугарија

Ако си на возраст од 17-27 години и сакаш да научиш нешто повеќе за целите за одржлив развој, но и да ги споделеш сопствените идеи за Агендата 2030, младинската размена “Youth for SDGs & SDGs for Youth” е одлично место за тебе!
Младинската размена “Youth for SDGs & SDGs for Youth” како дел ЕРАЗМУС+ проектот, ќе биде одржана во местото Стара планина, Софија – Бугарија, во организација на Интернационалната фондација за развој на Y-PEER .
Младинската размена има за цел да собере на едно место млади, младински работници и активисти со цел да ја прошири дискусијата за Целите за одржлив развој(ЦОР). Во текот на целата размена, преку неформалнен пристап и користење на врсничката едукација, учесниците ќе имаат можност да дискутираат за ЦОР, Човековите права преку призмата на целите, Агендата 2030, како и да учествуваат во градење на заедничка слика за претставување на младите во Целите за одржлив развој.
На размената ќе присуствуваат млади од Бугарија, Грузија, Португалија, Италија и Северна Македонија.
Датумите за размената се :
- Пристигнување на 20ти октомври
- Заминување на 28ми октомври
Очекувано е учесниците да присуствуваат во сите денови од размента. Сместувањето ќе биде во “Creative House Petrohan“ близу Софија.
Трошоци за сместување и храна се покриени од страна на организаторот во целост додека трошоците за патување ќе бидат покриени по тренингот во висина од 155 евра, со обезбеден превоз од страна на организаторите од центарот на Софија до местото каде што ќе се одвива размента.
***Селектираните учесници потребно е да ја подмират сумата од 1000 денари за партиципација на размената. Предност при селекција на учесници на размената ќе имаат членовите и волонтерите на организациите кои членуваат во младинската мрежа Y-PEER и истите подмируваат 50% од висината на партиципација.
Доколку си заинтересиран/а, можеш да аплицираш со пополнување на следниот формулар, најдоцна до 27ми септември, 20:00 часот.
Доколку имате дополнителни прашања, слободно контактирајте не’ на youthpeermacedonia@gmail.com