Работилница „Млади и сексулано и репродуктивно здравје и права“

Во организација на мрежата на младински организации Y-PEER, со поддршка од канцеларијата на УНФПА во Скопје, вчера ,3-ти Јули во Скопје се оддржа еднодневна интерактивна работилница насловена како „Млади и сексулано и репродуктивно здравје и права“. Оваа работилница го означи почетокот на Кампањата по повод Светскиот ден на населението 2018 година, во организација на УНФПА во Скопје.
Учество во оваа работилница земаа млади, преставници од организации кои работат со млади: ЦМА КРИК, Младите Можат, ХЕРА, АИЕСЕК и ВЦС.
Преку оваа работилницата младите имаа можност да ги прошират своите знаења и капацитети во областа на сексуално и репродуктивно здравје и права (СРЗП) фокусирајќи се на како овогодинешна тема на кампањата по повод Светскиот ден на населението. Младите имаа можност да дискутираат за сексуалното и репродуктивно здравје и права, да ги прошират своите знаења за темите кои ги опфаќаат човековите права и да се информирааат за тековните процеси во рамки на развојната агенда на Обединетите Нации поврзани со СРЗП, Целите за одржлив развој и можностите за вклучување на младите.
Пристапот до безбедно и доброволно планирање на семејството е човеково право, има централно место во јакнење на родовата еднаквост и е клучен фактор за намалување на сиромаштијата. Меѓународната конференција за човекови права на Обединетите нации пред 50 години го прогласи планирањето на семејството за човеково право, за да денес е широко прифатено како основа за бројни права.
Од 1968 година, голем број на договори и конвенции, важни за репродуктивното здравје и права, ги реафирмираа овие човекови права. Меѓу нив се и Конвенцијата за елиминација на сите форми на дискриминација против жените од 1979 година, а од поново време, Самитот за одржлив развој од 2015 година, кога светските лидери се согласија дека во рамки на Развојната цел 3, до 2030 година ќе обезбедат “универзален пристап до сексуалните и репродуктивни здравствени услуги, вклучувајќи ги планирањето на семејството, информацијата и едукацијата“.
Оттаму, правото на планирање на семејството вклучува уживање и на други права како што се правото на здравје, вработување и на образование. Обезбедувањето на универзален пристап до здравствени услуги за репродуктивното здравје, вклучително и планирање на семејството, го забрзува развојот на државата кон намалување на сиромаштијата и остварување на глобалните развојни цели.