Работилница за млади „THE GENDER PERSPECTIVE ON THE ISSUES ON SEXUAL AND REPRODUCTIVE HEALTH“

Во организација на мрежата на младински организации Y-PEER Македонија, со поддршка од канцеларијата на УНФПА во Скопје, на 14-ти и 15-ти Декември во Скопје се оддржа дво дневната работилница насловена како „THE GENDER PERSPECTIVE ON THE ISSUES ON SEXUAL AND REPRODUCTIVE HEALTH“. Учество во оваа работилница земаа 17 млади, преставници од организации кои работат со млади: КРИК, Младите Можат, Црвен Крст, Родова перспектива, ХЕРА, АРНО, Волонтерски центар – Скопје и Хуманост.
Преку оваа работилницата младите имаа можност да ги прошират своите знаења и капацитети во областа на „Род“ и интеграцијата на родовата компонента во глобалните и национални процеси.
На оваа работилница гости предавачи беа: Постојаниот координатор на Обединетите нации во Македонија г-а Луиза Винтон, Ирена Цветковиќ – Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“, Љупка Трајановска – Националната Мрежа Против Насилство врз Жените и Семејното Насилство и Ирина Јаневска – Здружение за социјални иновации „АРНО“.
Младите имаа можност да дискутираат за родовата компонента, да ги прошират своите знаења за темата „род“ и да се информирааат за тековните процеси во рамки на развојната агенда на Обединетите Нации поврзани со родова рамноправност, Целите за одржлив развој (ЦОР) и можностите за вклучување на младите.
Постојаниот координатор на Обединетите нации во Македонија г-а Луиза Винтон даде краток осврт во однос на глобалните процеси и локализирање на Агендата 2030 во Македонија посочувајќи „..целите се универзални што значи дека се однесуваат на сите луѓе во светот и се поврзани во еден систем. Предизвикот кој е пред нас е навистина голем и наша задача е сите да допринесеме за да ги исполниме.“
„За Обединетите нации младите не се само целна група. Тие се и наши партнери. Младите одлично ги познаваат новите информациски технологии. Имаат вештини и знаења со кои заедно креираме оптимални решенија кои ни помагаат во имплементацијата“ – посочи г-а Винтон.
Во текот на работилницата преку сесијата за прашања и одговори младите имаа можност да се информираат за глобалните процеси поврзани со ЦОР, имплементацијата на глобално и локално ниво, како и интеграцијата на родовата компонента во рамки националната рамка за имплементација на 2030 агендата во Македонија.