Работна средба на Y-PEER

Во насока на планирање на следни активности на Y-PEER во државата, на 11 април 2019 година се оддржа работна средба со тимот на Y-PEER и претставници од организациите членки во мрежата.
На оваа средба се зборуваше за кои се младинските прашања кои во моментот се најургентни, што работат организациите засебно, а што заеднички за младите, кои се можностите за вклучување и мобилизација на младите како и со што можат младинските организации да допринесат кон глобалниот одржлив развој.
Претставниците на организациите ја претставија програмата и проектите на кои тековно работат за и со млади додека тимот на Y-PEER ги престави приоритетите на мрежата на меѓународно и национално ниво. Присутните по пат на бура на идеи работеа на креирање на предлог заеднички активности кои би биле за младите и во насока на нивното вклучување, мобилизација и едукација за повеќе оптествени аспекти и истите беа линкувани со Целите за одржлив развој на Обединетите нации.